Ќе те зезнам овој пат сестро златна, па мајка јана да е

dve na tel-naslovna_majkatiitatkoti
Ми се јавува една „пријателка“ што обично ме бара само кога нешто ѝ треба. Епа реков ќе те зезнам овој пат сестро златна, па мајка јана да е. Кај си ти, што вака, ѝ велам. Да те чујам, ми одговара, нели тоа првин кажуваш секогаш, па после иде правата причина, као уз пат ти текнало. И тука едно глумење ѝ удрив: Браво бе Надице, алал ти вера! Такви пријателки сакам! Што се јавуваат само за да ме чујат, да ме прашаат како сум, а не само кога нешто им треба! 🙂
Занеме Надица, си се препозна, туц-муц, не ни имаше нешто многу да ми збори после тоа оти баш ја заболе како сум, ентузијазмот и спласна, се збуни. Па ај да се видиме некој ден на кафе, вика… Важи реков, едвај чекам, фала ти многу што се јави!
Кој знае колку се кае и си се пцуе сега Надица, што ме излажа дека се јавила да ме чуе онака и што не ми рече од одма – А бе види, нешто ми требаш 🙂
Пробајте! Пали! Мераци! 🙂

595х90 px-01

Посетено 1.848 пати (1 денес)