Како изгледа кога знаете дека не си одоговарате, а сепак не се откажувате

par-majkatiitatkoti

 

Понекогаш вистинските личности ги сретнувате во погрешно време.

Тоа не е нешто што можете да го избегнете или отстраните, ниту пак нешто што можете лесно да го заборавите.

Вистинскиот проблем е во тоа што никогаш не можете да бидете сигурни дали вие двајца сте се запознале во погрешно време од вашите животи, или едноставно не си одговарате еден со друг.

Можеби се чувствувате силни на еден или на друг начин, но никогаш не  сте потполно сигурни. Не можете да бидете потполно сигурни.

Кога ќе ја запознаете вистинската личност во погрешно време, работите никогаш не завршуваат на добро. А како би можеле да тргнат на добро кога причината поради која не успеавте е што ниту еден од вас не разбира што е тоа што вие двајца го имате заедничко?

Емоциите растат, а како и не би растеле?

Знаете дека вие не сте вистинските личности еден за друг. Чувствувате како да сте сретнале некој со кој не можете да се замислите да бидете засекогаш, не можете да го прифатите она што е потребно за врската да успее.

Следуваат аргументи.

Велите и правите работи од кои нема враќање, ниту пак можете да ги заборавите. Збунети сте за она што се случува наместо среќниот крај кој некогаш си го ветувавте. Но сега… што се случува? Каде отиде вашето ‘среќни засекогаш’?

Каде исчезна сиот тој спокој и неизмерната среќа? Вие знаете дека ја сакате таа личност, но во исто време, не сте подготвени да го/ ја сакате на оној начин на кој тој/ таа заслужува.

Ако не е до вас, можеби е до вашиот партнер. Овие причини почесто се еднострани, отколку избалансирани, но сепак ретко можеме да ја обвиниме само едната страна.

Можеби и не ја запознавте љубовта на вашиот живот во погрешно време. Можеби едноставно сте премногу опседнати со меѓусебните проблеми и чувства. Во тој случај, треба да запрете и да ја разгледате можноста дека не постои огомна разлика помеѓу вас двајцата.

Што ако запознавањето со вистинската личност и истовремената опседнатост со вашите чувства и проблеми е можно само во погрешно време од вашиот живот?

Некои луѓе не можат да изградат заеднички живот, тие едноставно се некомпатибилни. Со годините ние учиме да сакаме и преферираме едни работи во однос на другите.

Ние развиваме вкус за физичкиот изглед и личноста, и аверзија за одредени физички и психолошки атрибути. Повеќето од нив се длабоко врежани и не е лесно да се променат.

За жал ниту вистинското време не е од голема помош. А кога всушност е ‘вистинско време’?

Одговорот, теоретски е лесен, а тежок во пракса. Потребно е да сте подготвени да направите се што е потребно не само да ја задржите туку и да вдахнете живот во вашата љубовна врска. И двајцата треба да сте подготвени да го правите тоа секој ден од остатокот од вашите животи.

Гледате, одговорот е едноставен бидејќи откако еднаш ќе ја пронајдете вистинската личност, вие во основа сте добиле половина од битката. Се сакате. Имате неверојатна поврзаност која не може да се објасни со зборови, како да вашите умови се синхронизирале на исти бранови должини.

Теоретски, одговорот е неверојатно едноставен. Тешкотијата доаѓа кога ќе сфатите што се е потребно да ја одржите љубовта жива. Луѓето обично знаат што треба да направат, но сепак имаат проблем со наоѓањето на мотивација за да го исполнат тоа.

Кога станува збор за љубовта, нашиот најголем непријател сме токму самите ние. Се прашуваме дали нашите чувства се вистински или пак се само илузии на нашиот ум.

Се прашуваме дали сме ја донеле вистинската одлука со тоа што сме со таа личност, или пак пропуштаме нешто подобро, нешто што е посовршено.

Не можеме да се справиме со желбата за самостојност и индивидуалност, како да некој бара од нас да се откажеме од личноста во која што сме се претвориле.

Не успеваме да направиме разлика помеѓу романтичната љубов и љубовта која никогаш не бледее, тоа е таа љубов која ни тежи над нас дури и после разделбата.

Агонијата од запознавањето на вистинската личност во погрешно време, од сознанието колку сте опседнати со вашите чувства и проблеми или колку можете да бидете е штетна зошто токму вие самите сте најголемата причина поради која не успеавте.

Ние сме причината поради која не знаеме да ја цениме убавината и реткоста на она што го имаме. За жал, откако ќе почнеме да размислуваме правилно, најчесто е предоцна.

Или е направена премногу голема штета која не може да се заборави или пак љубовта на вашиот живот го пронашла својата вистински сродна душа.

Агонијата се ублажува со текот на времето, но сепак се задржува на неодредено време. На сите им е потребен љубовен партнер во своите животи, ние не можеме засекогаш да бидеме среќни сами. Не можеме да го промениме фактот дека пораснавме и ни е потребен некој во нашиот живот.

Ќе чувствуваме тапа болка се додека еден ден повторно не ја пронајдеме вистинската личност, но овој пат тоа ќе биде во вистинското време.

Дали ќе добиете втораа шанса за да ја најдете вистинската љубов? Се плашам дека никој не може да ви го гарантира тоа, но ако ги донесете правилните животни одлуки, имате добри шанси да го направите тоа.

Се додека да се случи тоа научете се да ја прифатите болката која ви ја нанела љубовта на вашиот живот. Учете од грешките и сфатете зошто сте во позицијата во која сте.

Се надевам дека следниот пат кога ќе го сретнете Mr. Right или ќе ја сретнете Mrs. Right тоа ќе биде во вистинското време.

 

Посетено 73.432 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!