Како изгледа да сте безнадежно зависни од жената во која сте вљубени

Се сеќавам на првиот пат кога се вљубив. Навистина ми беше тешко да го разберам тоа. Но откако еднаш ќе го разберете тоа чувство, сметате дека можете да го контролирате истото.

Кога ги знаете границите, познат ви е просторот во кој треба да се ограничите, знаете како функционираат работите и како вие треба да дејствувате со цел да можете да манипулирате со крајните резултати.

Кога за прв пат ќе се вљубиме, чувството е сосема ново. Чувствуваме како за прв пат да го гледаме светот со сите негови убавини. Се изгледа подобро откако ќе се вљубиме. Нашите чувства се поизострени и буквално светот околу нас го доживуваме на поинаков начин.

Љубовта не спушта на земја. Проблемот доаѓа кога почнува да се појавува опсесијата.

Сосема е нормално да постои одредена доза на опсесија во секоја љубовна врска. Друг збор со кој можеме да ја опишеме опсесијата е зависноста, а таа може да биде или многу убава или многу штетна.

Кога сте зависни од жената во која сте вљубени , вашите мисли постојано летаат кон неа

Таа е првото нешто на кое помислувате кога се будите, се прашувате што прави, замислувате како заедно доживувате нови искуства.

Секогаш кога нешто ќе ве насмее, ќе ве направи среќни, таа веднаш се појавува во вашата глава, бидејќи нештата кои ве прават среќни секогаш ве потсетуваат на неа.

Вие сеуште сте свој човек. Водите свој живот и веројатно имате свои пријатели. Но сепак, вие двајца сте поврзани еден за друг засекогаш. Не станува збор за физичка поврзаност, туку за начинот на кој си влијаете на меѓусебните животи.


Кога сте зависни од жената во која сте вљубени, ви изгледа како целиот свет да се врти околу неа

Постојано размислувате за вашата следна средба, за мигот кога повторно ќе бидете заедно. Таа многу ви недостасува.

Понекогаш тоа чувство не е толку интензивно како некои денови, а и среќа што е така, бидејќи тој интензитет вие не би можеле да го издржите. Голема е веројатноста дека во тој случај ќе полудите.

Вашиот распоред, вашите планови за викенд, за одмор и општо вашите планови за животот се вртат околу неа. Се гледате како во иднина заедно го делите животот.


Кога сте зависни од жената во која сте вљубени, вие премногу се грижите

Загриженост, љубомора, бес, тага, очај… љубовта со себе носи една прекрасна палета на емоции кои варираат од неизмена среќа до вистински пекол.

Имате среќа ако таа е жена на која можете да и верувате. Меѓусебната доверба е доволна за да ве одржува смирени.

Од друга страна пак, ако таа има навика да прави грешки и да влегува во неволји, тогаш грижата може да ве излуди. Секогаш кога таа доцни или кога не можете да ја добиете на телефон, вие помислувате на најлошите можни ситуации, или е повредена или е киднапирана, или пак одлучила дека веќе не ве сака и побегнала со друго момче. И покрај тоа знаете дека така излегувате смешни.


Кога сте зависни од жената во која сте вљубени, тешко ви е да ја пуштите да си замине

На почетокот од врската ви е тешко да се одвоите еден од друг. Ве депримира дури и помислата дека нема да ја видите неколку дена.

Но, се разбира ние сме мажи и не смееме да ги покажеме вистинските чувства.

На крајот доколку работите не функционираат и решите да ставите крај, неверојатно ви е тешко да ја пуштите да си замине. Зависноста не си заминува кога вие ќе посакате да ставите крај.

Се зависи од ситуацијата, можно е таа рана никогаш да  не се залечи. Секогаш ќе се присетувате на убавите чувства. Освен ако не најдете друга личност која повторно ќе направи да го почувствувате истото.


Кога сте зависни од жената во која сте вљубени, таа е поважна од се

Таа е поважна од се, од самите вас, од вашите пријатели, од вашите поставени цели, од се останато во вашиот живот.

Ова може да биде и незгодно. Постои линија помеѓу љубовта и опсесијата, која за кратко време може да се замагли.

Во еден момент вие сте своја личност, го живеете својот живот и своите соништа, а во следниот верувате дека животот и соништата на жената што ја сакате се поважни од самите вас.

Ваквата несебичност изгледа неверојатно романтична, но истовремено тоа не е правилно. Фактот дека сте дозволиле да ви побегне животот само ќе посее раздор помеѓу вас и жената во која сте вљубени.


Кога сте зависни од жената во која сте вљубени, вие сте се зезнале

Љубовта е убава, но е комплицирана. Тешко е да се разбере љубовта, таа е непостојана, се менува со текот на времето и во зависност од врската.

Како што врската созрева, нашите чувства се менуваат. Понекогаш тоа се промени на подобро, но понекогаш тие промени не плашат, не тераат подобро да размислиме.

Често правиме грешка со проценувањето на тие силни чувства кога ја доживуваме вистинската љубов, а всушност тие се само аларм кој не предупредува дека сме ја пронашле вистинската.

Кога сте зависни од жената во која сте вљубени, вие или ќе го поминете остатокот од животот со неа, обидувајќи се да направите врската да функционира или пак, ќе ја изгубите и ќе ви недостасува до крајот на животот.

Ова звучи како пораз, но всушност е победа. Подобро е да сакате и да изгубите, отколку никогаш воопшто да не сакате. И на крај, сепак е како што пред малку споменав, сепак, во основа сте се зезнале.

Посетено 6.534 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!