Како да препознаете Македонец во Австрија и Германија

Пет начини како да препознаете Македонец во Австрија и Германија

Пет начини како да препознаете Македонец во Австрија и Германија
Општо познато е дека секоја година се повеќе и повеќе Македонци си заминуваат во странство. Најчестите дестинации во странство каде што можат да се сретнат голем број на Македонци се Австрија и Германија.

Но, што ако сакате да одите во некоја од овие држави и имате желба да се дружите со „некој свој“? Како ќе ги најдете? Верувале или не ова е прилично лесно и нема потреба од Интерпол.

Македончето во странство се забележува на неколку километри. Ова се 5 „симптоми“ на Македонец во странство:

1. Гласно зборуваме на телефон во јавниот превоз

Австријците главно молчат додека се возат во автобусот U-Bahn, straßenbahn или во јавниот автобус, читаат книга или пак слушаат музика.

Додека пак Македонците ја користат оваа прилика да се јават на пријател или роднина и да раскажат како им поминал денот, на колку што е можно повисок тон, затоа што нели далеку е Австрија.

Значи половина од разговорот се состои од прераскажување приказна и гласно објаснувајќи што се случило, додека другата половина е смеа. Гласна смеа.

2. Убави жени (и шминка!)

Не треба да се нагласи дека доколку забележите убава девојка во странство, најверојатно е од Македонија. Кога Македонка ќе отиде „на запад“ таа не само што ги зачудува луѓето со својата убавина туку и со нејзините шминкерски способности.

Германките не сакаат многу да се шминкаат, но затоа Македонките секогаш изгледаат како да се излезени од салон за убавина.

3. Синџири… златни синџири

Не можеш да се наречеш Македонец во странство доколку немаш „златен ланец“ или од нерѓосувачки челик (за оние кои штотуку пристигнале во Австрија).

Доколку забележите маж со „златен ланец“ тогаш дефинитивно е Македонец (евентуално Србин). Исто така освен синџирот, може да има и златна обетка, која е исто така „маст хев“ за „Балкан стајл“.

4. Ние имаме свои бази

Македонците се држат заедно, зарем не? Затоа во секоја туѓина мора да има балканска кафана, каде што дијаспората се собира за да крши флаши и чаши на патриотски песни и да тагува за убавината на татковината.

Во овие кафани секој се знае со секого, а тепачките се честа појава. Значи, ако слушнете дека од некаде ечи турбо фолк, на добар пат сте таму се Балканците.

5. Мерцедес, BMW, Ауди …

Македонска кујна и германски автомобил. Да се поседува Мерцедес, BMW, Ауди или било кој друг германски автомобил е од суштинско значење за секој Македонец кој работи во дијаспората.

Квалитетот на автомобилот е многу важен за нас.

Не само што може безбедно да патуваме назад до Македонија, туку и да шверцуваме цигари, ракија, месо, можеби и некои електронски уреди.

Покрај тоа, кога Македонецот се враќа во својот роден град со таков автомобил и злато околу вратот, тој е шеф.

Не е важно тоа што работи како магаре и живее во една соба, кога се враќа дома тој е „фаца“ и неговите другари сакаат да се дружат со него.

 ИЗВОР
 
Посетено 1.128 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!