Кајл Меклахлан Го Потврди Своето Враќање Во Култната Серија “Твин Пикс”

“Кој ја  уби Лора Палмер?”

KyleMacLachlan_majkatiitatkoti

Агентот на ФБИ, Дејл Купер се враќа во новата сезона
на култната серија на Дејвид Линч “Твин Пикс”

Како што вети минатата есен кога рече дека по 25-годишната пауза ќе се обиде да ја собере оригиналната екипа на култната серија, режисерот Давид Линч на својот профил на Твитер објави дека Кајл Меклахлан се враќа во улогата на специјалниот агент Дејл Купер.

coopertwinpeaks

Актерот ја објави веста на собирот на Здружението на телевизиски критичари (TCA), наведувајќи дека е многу возбуден поради враќање во мистериозниот свет на Твин Пикс. Впрочем се обратил и на директорот на Showtime Networks, Дејвид Невинс, со популарната реченица од серијата: “Мислам дека ви треба една чаша проклето добро кафе”. Серијата ќе започне со емитување во текот на 2016 година, со што ни остава доволно време да се потсетиме на сложената истрага за убиството на тинејџерката Лора Палмер, чиј дух уште во дамнешната 1991. година ја предвиде повторната средба со детективот Купер.

Посетено 314 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!