КАДЕ ЈАДАТ НАЈДОБРИТЕ СВЕТСКИ КУВАРИ?

Новото издание на книгата со повеќе од 2000 препораки

wherechefseatpocetna_majkatiitatkoti

Сакате да знаете каде јадат најдобрите готвачи во светот?
Британската издавачка куќа Phaidon ни носи нова,
ажурирана верзија на популарната книга
“Каде јадат најдобрите готвачи во светот” во 2015 година.

 

Новата верзија на популарната книга за љубителите на патување и гастрономија ‘Каде да јадат најдобрите готвачи во светот’ (Where Chefs Eat) ви нуди листа на места во светот каде што без дилема може да ги најдете најдобрите јадења, а книгата може да се нарача преку Амазон. Новиот гастрономски водич на издавачката куќа  Phaidon  нуди над 2.000 препораки од 60 различни земји во светот, а богатата листа ја имаат  подготвено најпознатите готвачи на светот.
На 976 страници се наведени и некои препораки од претходните години, вклучувајќи ги и оние кои ги одбрале славните  René Redzepi, David Chang, Helena Rizzo и Yotam Ottolenghi, а освен тоа, во книгата можете да ги пронајдете и останатите важни информации, мапи, рецензии и интересни графики.
Според зборовите на издавачите овој гастрономски водич ќе ги воодушеви сите љубители на добра храна кои во потрага за највкусните јадења ќе ги земат пасошите за да отидат на некоја од светските дестинации кои се протегаат од Остин во Тексас до Цирих во Швајцарија.

 

Посетено 429 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!