Јавен повик за избор на најдобри бизнис планови

Ќе бидат наградени 5 најдобри бизнис планови, секој од нив финансиран со најмногу 3000 ЕУР во денарска противредност.
повик[fblike]
Главна цел на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот, преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување” е да го фасилитира процесот на интеграција на младите луѓе од етничките малцинства во земјата, преку зголемување на нивната конкурентност на пазарот на трудот.
Целни групи на проектот се: млади луѓе и жени од етничките малцинства од земјата, релевантни институции и организации кои работат на поддршка на жените и малцинствата, како и компании како потенцијални работодавачи.
Проектот е со времетраење од декември 2015 до август 2017 година.
1. Услови за учество и наградување – Право на учество имаат млади лица на возраст од 18 до 35 години; – Секој учесник на натпреварот има право да аплицира само со еден бизнис план; – Со еден бизнис план може да учествуваат најмногу 4 лица. Услов за добивање на паричната награда е формирање на претпријатие. Претпријатието треба да се основа по завршување на натпреварот во рок од еден месец. Носителите на бизнис планот воедно мора да бидат основачи и сопственици на претпријатието (за истото ќе треба да се приложи Решение од Централен регистар за новорегистрирано претпријатие). Услов за учество е бизнис плановите да бидат изготвени согласно Урнекот за пишување на бизнис план (достапeн со објавувањето на јавниот повик на веб страната http://www.pretpriemac.mk/).
2. Користење на средствата – Ќе бидат наградени 5 најдобри бизнис планови, секој од нив финансиран со најмногу 3000 ЕУР во денарска противредност. Средствата може да бидат искористени само за следните буџетски ставки: опрема, човечки ресурси, кирија за период од 01.05.2017 до 01.08.2017, комуналии, трошоци за регистрација на фирма, канцелариски материјали, истражување. Секој добитник на награда ќе потпише договор со имплементаторите на проектот, каде ќе бидат предвидени условите и обврските на двете страни. Проектот ќе ја врши набавката на средствата, според однапред определниот буџет на добитниците на наградите и планот за набавка. Сите трошоци треба да бидат подмирени најдоцна до 01.08.2017. Оние трошоци кои ќе бидат направени по завршување на овој период, се сметаат за неважечки.
3. Критериуми за оценување и избор на најдобри бизнис планови:  
Capture
4. Поднесување на бизнис планот – Апликантот треба да го пополни образецот Урнекот за пишување на бизнис план објавен на веб страната http://www.pretpriemac.mk/. Бизнис планот треба да е најмногу 15 страни, вклучувајќи ја насловната страна, фонт 11, проред 1.0. Бизнис плановите треба да се испратат најдоцна до 05.03.2017, до 23:59 часот, на е-пошта: [email protected]. За дополнителни информации во врска со истите, обратете се кај: Фондација за Претприемачки сервис за млади, [email protected].
Посетено 352 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!