Јас живеев!

Ги соблеков фармерките што ги носев цел ден, се слеков по гаќи и седнав да пишувам.

Сфатив дека сексот сум го заборавила, а го сакав толку многу. Нема да следува приказна во која ќе ви образложувам дека сум мастурбирала, не плашете се или не радувајте се.

Како било…

devojka na most_majkatiitatkoti

Седев така, слушав тажна музика која ме охрабрува, само јас можам да се охрабрам од тагата. Ставив чај да се затопли, од брусница, мојот омилен.

Во минатото го пиев со водка, но денес сфаќам дека тоа беше лоша идеја.

Го пиев чудото кое сама го измислив и за мое чудо беше тоа моја муза.

Пишував и се смеев, една минута молк за него.

Една минута и молк за мене, за мојата душа, ја нема повеќе, замина, во неповрат, а со неа и смислата за живеење. Иако не сакам ќе завршам како Буковски, се опивал до бесвест, имал секс со се што мрда и пишувал за да преживее…

Имам нешто да ви кажам, доколку имате болно срце подобро запрете со читање, но доколку имате храброст продолжете…

Се надевам дека ќе летате високо, но нема да паднете ниско, или пак барем нема да ја чувствувате болката од падот долго време, доволно за да ви остави лузни.

Се надевам дека кога водата ќе претече и ќе сака да ве удави, ќе изградите брана за да се спасите или можеби сепак ќе научите да пливате.

Се надевам дека некогаш ќе слушнете химна, која ве бодри довикувајќи го вашето име!

Се надевам дека кога сите ќе одлучат да избегаат, вие ќе останете.

Се надевам дека кога ќе се заљубите, ќе ве боли гадно, бидејќи само така ќе сфатите дека сте дале се од себеси, сте ја искорнале утробата и сте им ја сервирале на тацна на тие што не заслужувале. Тие пак за возврат ја изџвакале, ја уништиле и ја повратиле на масата, блуеница која ќе ве натера да повраќате, но нема да имате што да повратите бидејќи веќе сте повратиле се.

Се надевам дека патењето нема да ве убие, но ќе ви ја покаже убавината на болката.

Се надевам дека кога ќе остарите, ќе може да кажете слободно и гордо на себеси – “Јас живеев!”

Бидејќи само тоа е важно, останатото е само блуеница…

Посетено 10.251 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!