Јас ако не ти каснам од среќата, кој ќе ти касне?

Тој свари кафенце, јас купив палачинки за појадок. На патот до дома со чадорот во едната, палачинките во другата рака сфатив колку сум среќна.

jas-ako-ne-ti-kasnam-od-srekata-koj-ke-ti-kasne-1

Стапнав во едно вирче со вода, се наводенив, но тоа не ја тргна насмевката од моето лице.

Така водена, се упатив кон нашиот стан и се смеев како будала по улица.

Кога влегов во станот кафето беше ставено до мојот лап топ, тој заминал да се тушира, пареата од кафето и онаа што излегуваше од вратата на бањата се мешаа.

Едната ме удираше во лице будејќи ми желба да влезам и да му го истријам грбот, но се одлучив да тргнам по другата пареа која ме водеше до утринското кафенце.

Седнав пред лап топ и пуштив рок, сркнав две голтки од кафето и станав да ги направам палачинките.

Тој не сакаше благо па ги направив солени, за двајцата, она што не го сакаше тој, јас почнував да го мразам.

Излезе од бањата  и  ми фрли поглед кој ме натера да се фрлам во неговите прегратки, но се воздржав.

Ме бакна во чело, зеде една палачинка и замина да се облекува. Ме разочара, мислев ќе појадуваме заедно.

Виде како се смуртив и се врати назад, ме праша дали се сомневам во него, дали навистина сум помислила дека ќе ме остави сама да појадувам.

Ми дојде да го задавам од љубов.

Му седнав во скут и го дофатив последното парче од неговата палачинка, грицнав, а тој почна да вика.

Не, тоа ми е среќата…

Како викаат старите, треба јас да си ја каснам.

Му врзав лесен шамар и го прашав: “Јас ако не ти каснам од среќата, кој ќе ти касне?”

Запомни споделена среќа е дупла среќа, а ти биди среќен што јас ќе ти каснам од среќата, бидејќи дупло ќе ти се врати.

Тоа утро мојот сакан научи важна лекција за љубовта.

Не е важно дали некој ќе ти касне од среќата, важно е тој што ќе ти касне да биде твојата среќа.

Бидејќи со таа личност ќе делиш се, а ќе добиваш дупло!

Посетено 1.679 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!