Излажи ме дека не ме сакаш, а јас ќе се преправам дека ти верувам

Живеевме лага маскирана во љубов, глумевме сродни души. Од таа глума добивме само лузни кои ќе не посетуваат цел живот на нашата необична приказна.

izlazi-me-deka-ne-me-sakas-a-jas-ke-se-prepravam-deka-ti-veruvam-1[fblike]

Суровата реалност е дека таа лага на крај се претвори во вистина, глумењето прерасна во опсесија и вистинско лудило.
Лудило од кое не можеш да се контролираш и опсесија од која не можеш да се откажеш, едноставно бевме заробени во нашата безда од која не сакавме да се ослободиме.
Ни годеа синџирите околу срцето и душата што не прилепуваа еден до друг.
Лагата се маскира во вистина која ниту двајцата не сакавме да ја слушнеме, а тоа беше дека навистина бевме еден за друг, но се оддалечивме еден од друг со цел да си докажеме дека можеме да живееме одделени.
Но, вистината секогаш победува на крај, нели?
Повторно се оковавме со синџири од кои знаеме дека никогаш нема да се ослободиме и уживавме во тоа чувство кое полека не убива секој ден.
Ајде сега излажи ме повторно дека не сме еден за друг!
Ајде стори го тоа, а јас повторно ќе се правам дека ти верувам и ќе заминам од инат во прегратките на друг се додека не ме повикаш повторно.
Излажи ме, излажи ме дека не ме сакаш, а јас ќе се преправам дека ти верувам и ќе заминам повторно знаејќи дека ќе ти се вратам пак.
Како рекле, човек секогаш се враќа на местото на кое што бил среќен, во прегратките во кои што се чувствувал згрижен, а во твоите прегратки јас се чувствував како дома, среќна што можам конечно да одморам во нив после сите тие лаги маскирани во вистини.
Излажи ме.
Посетено 3.765 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!