Издржливи сме ко бубашваби

biubasvabi_majkatiitatkoti
Деновиве, во главниот град на БЈРМ престојува една дама, пријателка, која пред некои 6 години имаше доволно храброст и визија да кидне од жабокречинава.
Работи и живее у Лондон, има семејство, живее онака кул, си работи, се труди, гризе, ама живее.
Кога викам живее, значи дека живее со драстично помалку стресови, живее нормален живот, зима воздух длабоко, здраво за нервниот систем, за мозокот.
Еве, неколку недели се дружиме, излагаме по кафани, кафе-а, ресторани, мерак е по чорба отсабајле, и тоа, онака по нашки, со пивце, па пред тоа со една ракија и туршија…
Па вика: – Абе дечки, дали сте нормални Вие? Не ми е јасно, како можете со овие плати, со оваа злоба која демне од сите страни, со ваков енормен притисок од медиумите, со вакви страшни животни трошкови, воопшто да преживеете? Не можам да сфатам и квит!
Најстрашно од све е, што и ние самите, ама баш никако не можеме да и објасниме како стварно функционираме, како успеваме да бидеме насмеани (од време на време де), како тоа акаме по кафани, како успеваме да немаме сеанси по психијатри (што ќе ни се, кога на сите ТВ-а си имаме бајачки, цвикерашки со марами на глави, со распослани гравови по тоа масите со миљевчиња), како одиме на одмори, скијања, како успеваме да бидеме пристојно облечени, јеби га КАКО?
Стварно, како?
Изгледа, сме станале многу силна нација. Силна како бубашваби, како штакори, како мутанти кои станале резистентни на сите можни познати земски лекови и антидепресиви.
Многу сме јаки!!!!!!!!
И, оттаму изгледа имаме уште по некоја искра надеж дека не е се така црно, дека можеби за некоја година ќе успееме да се опраиме. Ако не ние, барем нашиве дечиња.
Иначе, оваа искра (не мора да е последна, ама сигурно е претпоследна), деновиве, така громопуцатељно ми ја изгасна ќерка ми, кога ја заебавав при гледањето на една свадба у наша зграда.
Онаа класика, знаете – циганајки свират Месечини и Черешни шо од корен се корнеле, додека сватовите, дотерани по последна мода од Шутка, со обавезните шпицерајки кондури, дигнати нагоре ко опанци, фатени на орце (сељакот) мавтаат со марамици по земја, а теткиве сармосани, исто така паднати у севдах, ја испраќаат кутрата млада накај шупата у симпто(матично).
И викам: – Леле мори тате (намерно тате, не тато), за некоја година кога ќе ни донесеш и ти некое вакво залижано дибече дома, па по скали накај паркинг, леле леле, лепота. Па народњаци, па Цецки, Дари Бубамари… у некое Велчево меанче, шо да ти кажам…
Ми вика: – Хахаха, дали си ти нормален? Не ме зезај бре. Ја, како прво не ти живеам тука!!!!!!!!!!!!!!!!!! Ќе си одам у странство.
Офффф, дибеку стар, па кај живееш ти? Ако ти немаше муда, на времето да ја опраиш у цивилизација, децава уште на 12 години знаат што сакаат и како ќе успеат.
А, она ќе успее, тоа знам.
Јарче е тоа, полно со енергија, емотивно, ама практично.
И има петља.
Тоа би било вака…
Посетено 1.522 пати

Сашо Христовски

Сашо Христовски

Сашо Христовски