Ивана Чолаковска со Македонскиот пасош во рака: “Ќе продолжам да го носам името на Македонија”

peko-banner
МНР на Македонија ќе го обнови пасошот, што е можно побрзо…
ivana so pasosot-pocetna_majkatiitatkoti Почитувани читатели и пријатели кои исто така патувате, ви благодарам.
Побарав да ми помогнете за да се прошири моето писмо за жалба и денеска ги добив резултатите од вашата поддршка. Министерството за надворешни работи на Македонија ме информираше утринава дека ќе направи исклучок за мојот случај и ќе го обноват пасошот, што е можно побрзо без да се враќаме во Македонија, што значи дека ќе имаме уште една шанса за да го комплетираме патувањето околу свет со мотор и нашиот последен континент Африка. Сега се е назад во мои раце и ќе се борам да не ве разочарам ни вас ни себеси, ќе продолжам да го носам името на Македонија секаде каде што е можно. Иако речиси се откажав да очекувам дека постои можност за решавање на ситуацијата, сепак овој маил ме потсети дека секогаш постои надеж и дека не треба да се откажувам предвреме. Но, најубавиот дел од сето ова беше што сите заедно и сложни можеме да смениме многу работи кои изгледаат невозможни.
После 3 години и 41 земја поминати на пат околу свет со мотор, патувањето продолжува. Следете не на: www.facebook.com/aroundgaia
ivana-motor-pocetnaLOGO Rimmel Baner

Поврзани статии за Ивана, кликнете ТУКА или sирнете подолу:1mozebi2mozebi

3mozebi

border 1-transfer-ABC-za-banner

(Посетено 11.342 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Поврзани Статии

Оставете одговор

*