Ивана Чолаковска Патува Со Мотор Околу Светот

[fblike]
Последната етапа од патувањето на патот до Алјаска
1Ивана Чолаковска: “Целта е континуирано патување  околу свет со мотор, поминати пет континенти и секогаш со истиот мотор.
Без GPS,  
без мапа, без да патуваме на автопат, не спиеме во хотел”
ivana so peperutkata_majkatiitatkotiПо три години  патувајќи околу светот Научивме многу работи. Првата е дека треба да ги прескокнеш правилата и да го правиш она што го сакаш и за кое си добар. Ако ви се допаѓа да сликате, оставете го школото за право и почнете да сликате или ако ви се допаѓа да сте дизајнер за облека, без разлика дали сте маж, престанете да играте фудбал и почнете да си играте со старата облека за да создадете нешто ново. Не постои подобар начин да се добие подобро општество отколку да се искористат најдобрите карактеристики на секоја индивидуа преку осознавање за што секој од нив има капацитет.
10Овие денови на нашето патување низ Мексико (земја по ред 39-та) го променивме правецот и  одлучивме да запознаеме еден инсект за кои уште од истиот момент кога разбрав ми предизвика атракција и љубопитност на кои неможам да им одолеам. Суштество толку мало на кое никој не му верува за големата цел која ја исполнува, пеперутката монарх. Генерирањето на пеперутките кои се раѓаат кога доаѓа зима  пркоси на законите на природата и од самото кршење на  кожурецот започнува патувањето од Канада  илјадници километри, кои водат кон Мексико, токму во овој период од годината и на истото место каде што сум јас сега.
7Невозможно е да не се почувствуваш заинтересирано за инстиктот за да искочиш и да патуваш. Ниту една од овие пепрутки не го одрекува ова долго патување. Тоа за нив значи опстанок, можеби јас од самото мое раѓање го имам овој инстикт за да одлучам моја професија да биде патувањето. Иако општеството се обидува да бидеме уште еден алат плус и да работиме за истото. Замислувајќи си на почетокот дека едно патување околу свет со мотор е само еден сон неостварлив за едно девојче, размислувајќи дека после долга борба за да се започне остварување на сонот може да се соочам со несреќа како што им се случува на некои од овие пеперутки, или пак ништо друго освен да стигнам до целта, како што им се случува на сите овие пеперутки. Како и да е на крај одлучив едноставно да го следам вродениот инстикт, бидејќи секој нов ден патувајќи е славење што сум жива.
Сега знам дека инстинктот за бунтот е мастило со кое е напишана човечката историја, не постојат големи победи без да се прескокнат неколку правила, да се избере алтернативен пат како филозофија на животот, тест, промена и да откриете дека падот е дел од тој прекрасен пат кон успехот.
За Трудот, и пожртвуваноста за остварување на вашите соништа секогаш има награда, таа награда постои уште од првиот ден само ти не можеш да ја видиш. Потребно е да се исполни целта за завршувањето на моето патување околу светот со мотор. До сега поминавме 85.000 км исполнети со најразлични искуства, прегратки, насмевки и солзи, нови пријатели, пејзажи како да се од друга планета и чувството да се биде жив, без разлика што патувањето може да заврши после една година или можеби утре.
2 3 4 5 68 9 10 11 12 13
Сега ве канам да ги прескокнете вашите правила и да го следите вашиот инстинкт. Иако ќе те нападнат објаснувајќи ти дека пеперутката е мал инсект , сетете се дека летот на пеперутката може да ја смени плимата и осеката, и дека со нивните мали крилја во различни бои обоени, може да го видат светот од високо.

Големо ФАЛА до Ивана, која ни го испрати овој преубав текст со уште поубавите фотографии, а со објавувањето закаснивме неколку дена токму поради пеперутката Monarch butterfly која конечно се најде на нејзината дланка.  

ivana so peperutkata_majkatiitatkoti

ИВАНА ЧОЛАКОВСКА: 25  Септември 1985              Скопје – Македонија
ПРОЕКТ                    Around Gaia
ФАН СТРАНА                      www.facebook.com/aroundgaia
ВЕБ СТРАНА                       www.aroundgaia.com
ЦЕЛ               Континуирано патување околу свет со мотор, поминати пет континенти и секогаш со истиот мотор. Без GPS, без мапа, без да патуваме на автопат, не спиеме во хотел.
СТАРТ           17 април 2013

 

ПОМИНАТИ КИЛОМЕТРИ ДО СЕГА: 84.000
ПОМИНАТИ ЗЕМЈИ ДО СЕГА: 39

 

МАРОКО ШПАНИЈА ФРАНЦИЈА МОНАКО ИТАЛИЈА
СЛОВЕНИЈА ХРВАТСКА СРБИЈА МАКЕДОНИЈА ГРЦИЈА
ТУРЦИЈА ГРУЗИЈА АЗЕРБЕЏАН КАЗАХСТАН УЗБЕКИСТАН
ТАЏИКИСТАН КИРГИСТАН ИНДИЈА ТАЈЛАНД ЛАОС
КАМБОЏА МАЛЕЗИЈА ИНДОНЕЗИЈА ИСТОЧЕН ТИМОР АУСТРАЛИЈА
ЧИЛЕ АРГЕНТИНА БОЛИВИА ПЕРУ ЕКВАДОР
КОЛОМБИЈА ПАНАМА КОСТА РИКА НИКАРАГВА ОНДУРА
САЛВАДОР ГВАТЕМАЛА БЕЛИЗЕ МЕКСИКО

 

 

Посетено 3.935 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!