Интересна уметничка инсталација на корејката Јунг Ли

Неонски пораки создадени во напуштени области

junglee5
Фотографката Јунг Ли од Јужна Кореја одлучи со помош на неонски светла
да ги изрази своите мисли и да ги постави во далечните, напуштени области

Јунг Ли студирала фотографија во Лондон на Кралскиот Колеџ за Уметност, а покрај тоа се посветеила и на студирање на англиски јазик. Нејзините проекти со неонски инсталациии, во светските  уметнички кругови ја карактеризираа како мошне интересна,  млада девојка која сака да го представи ограничувањето на јазикот. Нејзината борба со реченици и фрази, одлучи да ја претвори во интересно уметнички патување, а нејзините мисли ги претвори во  неонски знаци со коиј патува во далечните напуштени земји. Токму таму се создадени овие надреални и малку осамени фотографии. Но како такви, совршено функционални ќе ве поттикнат на размислување, или можеби на некои прашања.

junglee3

Реченици кои понекогаш ја инспирираат наоѓа во статии во весници, на крајот на книги или пима, и ставајќи ги во мирна атмосфера добиваат сосема ново значење. За младата и поетски уметница Ли Јунг допрва ќе слушнете уште многу,а и во моментов подготвува изложба во Холандија.

junglee1
junglee2
junglee4
junglee6

Посетено 549 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!