И неа ја удрил пајак! Само ќутете, псссттт!

Вие што прикривате насилство над жена и тие што го сториле, сте едно те исто! Не правам разлика меѓу вас!

Инаку, сликата на полицајката со која денес се исмева цела Македонија ја објави МВР, кое не можеше да одолее, а да не се пофали, дека Министерот од загриженост се сретнал со неа да ја праша како е и да ѝ честита на професионалноста! Каде гледате професионалност се прашувам? Во објавувањето на нејзината слика или во повлекувањето од местото на настанот при што настанало фамозното и небулозното самоповредување од пајакот?

Претходнине да беа, ништо немаше да ме чуди. Ама во ваше време да дозволите да се случуваат исти сценарија, базирани на исти методи, тоа никогаш не би помислила. Тажна сум, згрозена, гневна и бесна! Тие и вие, влегуваат во историјата. Веќе не правам разлика меѓу вас!

Посетено 2.986 пати