Има една земја…

ima edna zemja_majkatiitatkoti[fblike]
Има една земја…
– Во која владее сиромаштија, а рестораните во секое време од денот се полни.
– Во која старите се возат во автобус само во вторник и петок.
– Во која неписмениот е шефот, а писмениот му е асистентот.
– Во која има три прекрасни природни езера, а сите летуваат во Грција.
– Во која и покрај електронското плаќање на сметки, сите чекаат ред на шалтер во банка.
– Во која додека народ гладува, земјоделците фрлаат лубеници, а сточарите истураат млеко на улица, во знак на протест кон власта.
– Во која петтото место во спортот се слави како прво, а последното со „браво за храброста“.
– Во која сите вработени не мораат да одат на работа, а невработените работат на црно.
– Во која одат реклами за трето дете, додека младите чекаат вработување за да можат да си исчуваат барем едно.
– Во која можеш да си купиш диплома, но и да работиш без неа како лекар.
– Во која секој секому е пријател, а секој секому позади грб му копа гроб.
– Во која за кражба на ќебапи можеш да лежиш во затвор, а за кражба на цела држава да си се шеташ на слобода.
– Во која сите се удираат во гради, а секој чека од другиот да го брани, да му ја заврши работата, сметката да му ја плати.
– Во која и покрај тоа што картите за театар се бесплатни, театрите се празни.
– Во која ниту едно зошто си нема свое затоа, а секое „за“ си има свое „контра“.
– Во која децата растат со мудроста „Молчењето е злато“, а живеат како рѓосано железо кое молчи пред секого од страв.
– Во која се може да помине и да се смени преку ноќ, само власта е неминлива и непроменлива.
Има ли потреба да и го пишувам името?

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/prikaski-za-mali-deca/kalina-kosi-page”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]595x90

Посетено 9.346 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!