И по дваест години

[fblike]Male Female Couple Silhouette Profile People Set
Сè уште си ми девојка.
Годините се сенки зад стапки.
Со сонцето, на пат околу Земјата.
Секое утро ни започнува на исток
и нè стемнува додека го бараме запад.
Немаме уште многу а не сме свесни за тоа.
Не го тераме денот како да ни е последен,
ниту, пак, ноќта како да ни е прва.
Постојано се бараме и се надеваме
дека наскоро ќе се запознаваме.
Секој ден некоја нова ти.
Секој ден инаков јас.
Еден без друг – не сме ние.
Еден со друг, се обидуваме.
Љубовта е сплет на околности,
(или попрво инцидент)
во кој две единки се
преполуваат за
да станат едно.
Посетено 734 пати