ХУЛИЈА ХИЛМИ

utrinsko kafe baner CRN tenok

Hulya Hilmi
Hulya Hilmi – Artist Representative

Во принцип кафето не го пијам за расонување, туку за кејф. Водата ме буди поубаво од кафето, затоа се трудам пливањето да ми е прва работа рано наутро, после се спуштам пешки до Босфор, со години секогаш на исто место, во “Bebek Kahve“, уживам сама да испијам едно турско. Читам штампа, бројам бродови, лаф-муабет со околу мене исти или слични ранобудници и обожаватели на “сам на кафе”. Така ја собирам енергијата за работа до доцните вечерни часови. Но има исклучоци, а тоа е Охрид, каде што можам по цел ден да пијам чаршиско кафе и тоа без појадок! Среќа што тоа не се случува многу често.

Посетено 1.127 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!