Hallerbos: Сина шума, Белгија

Hallerbos-630x310Hallerbos, исто така позната како Сина Шума, е шума во Белгија која секоја пролет е покриена со милиони диви зумбули (ѕвончиња). Оваа фантастична трансформација на шумата во син пејзаж како од бајка може да се види секоја година во април и мај.
Преку цветниот килим на шумата водат кривудави патеки за посетителите кои покрај мирисот на зумбулите може да набљудуваат зајаци и елени кои трчаат низ шумата. Феноменот на “сини шуми” не е невообичаен во Европа, но Hallerbos се издвојува поради својата единствена густина и убавината на своите цвеќиња, како и поради достапноста на посетителите (се наоѓа во близина на Брисел).

 

Посетено 342 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!