Говедско на бургундски начин

Boeuf bourguignon
Француската кујна изобилува со рецепти во кои подготовката на месото се комбинира со употребата на некои од нивните најдобри вина. Таков е и овој рецепт за говедско месо подготвено на бургундски начин.
Состојки:
Говедско месо – 500 гр.
Морков – 1
Кромид – 2 главици
Лук – 3 чешниња
Црно вино – 200 мл.
Сланина – 100 гр.
Масло – По вкус
Брашно – 1 лажица
Сол и бибер – По вкус
Коцка за супа (говедска) – 1
Големи компири – 2
Шампињони – 200 гр.
Инструкции:
Чекор 1:
Во поголем сад сипете масло, загрејте го и пропржете го месото кое претходно сте го исекле на помали коцки. Додајте го ситно исечканиот кромид, а потоа и лукот. Сипете околу 200 мл. вода и додајте една издробена коцка за супа. Промешајте и оставете околу еден час да се крчка на тивок оган.
Чекор 2:
Во друг сад повторно сипете масло и пропржете ја другата главица кромид (ситно исечкана). Додајте сечкана сланина и исечените на кришки шампињони. Кога тоа ќе се пропржи додајте го во садот со месо и налејте црно вино. Оставете да се крчка уште 5 минути. Доколку е потребно зачинете. Послужете со варен компир и обарен зеленчук.
(Посетено 169 пати, 1 денес)
pixel.mk
Автор
www.pixel.mk

Оставете одговор

*