Готвење без стрес – новото шоу на Џејми Оливер

gotvenje-bez-stres-novoto-shou-na-djejmi-oliver_image[fblike]
Џејми Оливер ви помага да готвите вкусно и брзо
Светски познатиот готвач Џејми Оливер, својата популарност ја стекна со неговите брзи рецепти. Она што е најново од него е неговото ново шоу Jamie’s Quick and Easy Food коешто започна да се емитува оваа недела, 21 август. Овојпат тој го осмисли концептот на 5 состојки, односно едноставна подготовка на вкусен ручек со само 5 состојки.
„После сите овие години, дојдов до нов начин на готвење кој ми го промени животот и кој ќе ви помогне да се ослободите од стресот во вашиот живот“, истакнува Оливер.
Секој рецепт има 5 клучни состојки за брза и минимална подготовка. Џејми издаде и книга за готвење, достапна на „Амазон “ за којашто тој вели дека е најискрената и најефикасната книга досега напишана. Рецептите се прилагодени на буџетот но и многу разновидни. Пробајте да направете некои од нив уште сега 595х90 px-01

Посетено 203 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.