Џон Клиз: Го живееме орвеловиот роман „1984“

[fblike]go-zhiveeme-orveloviot-roman-1984
Политичката коректност го носи современото општество директно
во светот на романот „1984“ на Орвел, вели Џон Клиз.

Клиз изјавил дека неодамна го советувале да не настапува на универзитетските кампуси, бидејќи некој може да се навреди од неговите „сурови“ шеги. Но тој смета дека проблемот е во луѓето кои не знаат да ги контролираат своите емоции, па се обидуваат да ги контролираат туѓите, и се плаши дека светот се движи кон замислата на Орвел.

„Ако почнете да си го мерите секој збор од страв дека некој ќе навредите, хуморот ќе умре. Со хуморот умира и чувството за мера, а што се однесува до мене, живееме во „1984““, објаснил познатиот актер и комичар.

Изјавил и дека шегите кои во серијата „Fawlty Towers“ ги упатувал кон Германците и неговиот шпански келнер, Мануел, денес би се сметале за навредливи, и дека секој облик на хумор се доживува како критика.

Луѓето немаат право да бидат „заштитени од какви било непријатни емоции“, а комичарите ширум светот треба да имаат слобода на изразување.

„Кога сте во близина на луѓе кои се претерано чувствителни, не можете да се опуштите и да бидете спонтани, бидејќи не можете да претпоставите што следно ќе ги навреди

 
Посетено 384 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!