ГЛИГОР ПАНДИЛОВСКИ

utrinsko kafe baner CRN tenok

gic-caffee_majkatiitatkoti
ГИЦ – ЧАО

Не се будам за да станам, туку се будам за да пијам кафе! “Луд” сум по утринско кафе! Отварам очи и истиот секунд мислам на кафе. Уствари кафето ми е доручек бидејќи јас никогаш не доручкувам. Првото е секогаш нескафе со малку млеко или пак филтер кафе(на кое се “навлеков” тука во Шведска). Второто, кое е задолжително макијато(големо) или капучино го пијам некаде во град. Трето може, а и не мора бидејќи кафиња пијам само некаде до пладне. Инаку турско кафе избегавам да пијам, единствено во исклучителни прилики(пр.на гости некаде)со неизбежното прашање: “средно, горко…или? на што мојот одговорот е: “Јас пијам шеќер со кафе”. Е сеа …коа сме кај слаткото де, некако послатко ми е кафето во моето родно Скопје!? До шеќерот ќе да е!? Или… 🙂

Посетено 556 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!