Гаргара И Зебрите Од Партизанска

zebra partizanska_naslovna
Од денес имам ново хоби
Си правам гаргара, па плукам во височина
и пак си ја дочекувам плунката во уста
Ама не е лесно, со секое плукање
станува се потешка, полеплива и понепредвилива
И така , направив погрешна проценка
и наместо во уста плунката ми се залепи за фаца
Не можев да ја тргнам, толку е густа и леплива
што очите ми се залепени и во паника
како слепец идам лево- десно, горе-доле
отварам различни врати и слушам пискотници и клетви
Наеднаш осеќам дека паѓам,паѓам.. ТРАССС,
лежам на ладниот плочник целиот скршен
и слушам мил женски глас
„дечко добар си?“ ..те видов како паѓаш од балкон
„да добар сум, ама сите коски ми се скршени и ништо не гледам “
„да имаш нешто на фаца, некаква маска, да не си од АНОНИМУС,
да не се фрли во знак на протест против нешто?“
„да се фрлив заради зебрите на Партизанска’
„какви зебри? ..избегале од зоолошка?“
„не ма тие, проестирам за зебрите -пешачки премини…не знаеш?…
досега нели беа црно-бели ама владата решила
сите да се префарбаат во црно-црни“
„штооо? па нормални ли се ?.. сакаат да ги снема, да ги истребат?
е сакам и јас да протестирам“
„може, качи се на 4-ти отворена е вратата и фрли се од балкон
ама не мораш баш врз мене“
Изгледа не ме дослуша што и’ реков пошто
тресна точно врз мене, ме дотепа, смотаница една
„ах деца, срамота е секс на јавно место“- слушам некоја бабетина
„не се сексаме, протестираме заради зебрите на партизанска“
девојката и одговори
па откако и’ го објасни проблемот
и бабиштето реши да ни се придружи
„ама не можам да се фрлам, страв ми е од висина
само ќе легнам врз вас“
„ако бабо, може и така“ – ми олесна, уште таа фалеше да се фрли
„мамоо што прават овие?“- урла некое засипнато дете
„не знам сине, Миле што прават овие?“
„а бе што правите вие?“- се јави и Миле
Девојката, алапача невидена им објасни
и така цела фамилија огорчена од новиот потег на владата
револтирано се фрли од балкон…точно врз нас
Кутрата баба немаше време да избега,
не знам што коски имаше ама и’ се претворија во прав,
е не е лесно да си протестант, не е ова партизани-германци
Конечно се појави и телевизија
„дечко ај да ни објасниш што се случува тука“
„нека ти кажа девојката врз мене, она обожава да збори“
„не може, само ти си преживеан“
Аха, така значи, сега ќе смислам нешто паметно,
срамота е цела држава да знае за моето хоби – си мислам во себе
и брзо смислувам приказна
„е па овака, си идам јас по тротоар, како и секогаш
делам насмевки и им помагам на постарите
и во меѓувреме ја читам Војна и Мир
проширено издание и тоа во оригинал на руски
кога ………….
Посетено 1.043 пати