Филмската Дива На Плакат За 68. Филмски Фестивал Во Кан

[fblike] Легендарната Ингрид Бергман

cannes-68th-plakat-pocetna_majkatiitatkoti
Денес беше најавен еден од најважните кинематографски
настани во форма на плакат кој го краси музата на
Алфред Хичкок и Роберто Роселини,
филмска ѕвезда Ингрид Бергман

Овогодинешниот филмски фестивал во Кан ќе се одржи од 13.-24. мај. Францускиот Азурен брег ќе го красат плакати со ликот на една од најголемите филмски ѕвезди и иконата на слободата на жените, кој оваа година би го прослави својот 100-ти роденден.
“Моето семејство и јас сме длабоко допрени од одлуката на администрацијата на Канскиот филмски фестивал, кој по повод 100 годишнината од раѓањето на мојата мајка, ја одбра токму неа како заштитно лице на фестивалот”, рече Изабела Роселини. “Мама ја обожуваше глумата: за неа тоа беше игра, повик, а не е работа”. Изабела Роселини вели дека нејзината мајка, Ингрид Бергман, не ја избра глумата, туку глумата ја избра неа.
Автори на плакатот се уметникот Hervé Chigioni, кој го изработи плакатот за  минатогодишното издание на фестивалот, и графички дизајнер Gilles Frappier.

 

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=uoLzAj0WmO0[/youtube]

Посетено 269 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!