Еве како НЕ се се купува спортска опрема

На еден наш сајт за спортска опрема
имаше попуст на тегови
Супер си мислам, сега ќе се набилдам, ќе пукнам од мускули
Одма купив едно 50 кила за само 30 евра
и од таму ми викаат
да дојдам да си ги земам
„па како да ги земам, тешки се, не ги носите до дома?“
-одма им приговорив
„не господине, не ги носиме ама дојдете кај нас
ќе ви го замениме за нешто полесно“
Идам таму …. ми даваат хулахоп
„а бе немојте ова, кичмата ми е фалична,
ќе останам укочен“ – пак јас мрчам
„е па еве ви ластик“
„а што ќе правам со него?..ај ти сам играј ластик !?“
„имате право.. нешто друго да не сакате?“
„а да ми дадеш џамлии?“
„не можам..забранети се,
можеби сакате пикадо..тоа е лесно“
„е да бе, ѕидот лом да го направам со дупки“
„можеби сакате стегач за глава?“
„а не фала… ќе си ја расипам фризурата“
„а стегач за рака?“
„ја мајката..па новиов саат да не ми се гледа!“
„хммм, мислам дека за вас од спортски реквизити најмногу
ви одговараат влажни марамици“
„е тоа може – конечно ми се погоди – а кусур ?“
„е не враќаме кусур“
„добро, извини што прашав“
Малку се заебав , изгор скапо ме коштаа овие марамици
ама барем се преубави,
со мирис на свеж јоргован и флаширана комбуха
Најпаметно ми е да ги урамам,
ќе ми се разубави спалната,
еве баш фино ќе ги личи покрај сликата од матура

Посетено 552 пати