Еј, а каде за мајот оваа година?


Да се вратиме малку во старата измината година. Дали таа беше бериќетна година за вас или ќе ја паметите по лошите мигови? Ние ќе ви помогнеме да се одлучите со потсетување на некои од вашите мигови, а потоа вие сами одлучете дали ви недостига или се радувате што конечно завршила.


Нова година
– потсетете се како си ја поминавте Новата година, во прегратките на партнерот или пак на весела забава со вашите пријатели/ семејство, на која се опивте пред да дојде Новата година и заспавте на подот?

Коледе – помните ли на кој оган се греевте лани? Сигурно потсетувањето на оваа вечер ќе ви го разубави денот или сепак не?

Василица – како се почувствувате кога го пронајдовте парето во мазникот, кое толку долго го очекувавте?

Или и таа година немавте среќа?

02.02 и 03.03 – како го поминавте овие мигови?

Св. Труфун или Св. Валентин – Ги славевте и двата или сами плачевте во друштво на виното?

1 Април – априлилили… кого успеавте да го излажете по навика или конечно ве прелажаа и вас? Плус потсетете се и на вашата маска која ја ставивте над сопствената маска тој ден, на што личевте?

1 Мај – уживање во природа, скара и добро друштво? А можеби сепак се одлучивте да го поминете овој празник во домашна опуштена атмосфера бидејќи немавте каде да одите?

Лето – ве обзема носталгија одма штом ќе помислите на него? Деновите поминати на плажа ќе мора да ги чекате уште 60 денови или пак ви се гади од него кога ќе ви текне со кого имавте секс тоа лето?

Есен – моментите поминати во овој период сигурно ги паметат  Девиците и Вагите, бидејќи во некој ден од овие прекрасни есенски месеци, го прославиле својот роденден, постари се за една година и ќе умрат побрзо.

Освен роденденот тука е и почетокот на новата школска и студентска година која со ќеиф ја започнавте или сепак не?

Зима – се почувствувавте убаво ли кога ја видовте првата бела покривка низ вашиот прозорец или неубаво кога ви текна дека зимските чизми ви се одлепени?

 Еј, а каде за мајот оваа година?

Посетено 2.414 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!