ЕДНОШАЛТЕРСКА ЛЕБАРКА

„Извини тука работиш?“
– прашувам една чудна креатура што се мува позади шалтер
„А не, не работам,
јас сум само обична лебарка и онака си шетам по шалтериве“
„Не ме зезај, многу си голема за лебарка?!“
„А тоа..теткиве еден куп храна оставаат
и затоа сум толкава, многу јадам“
„ако фино е тоа, него кај се тие,
не гледам ни една да работи?“
„на пауза се, него кажи што ти треба?“
„па барам еден предмет, сериозно можеш да ми помогнеш?“
„па да, повише од нив знам што има“
„Добро еве ти бројот 123657/23/2007 ..пробај“
„као да го гледав пред некое време, почекај секунда“
-вика и се губи позади тоните документи
Ми носи неколку полуискинати листови пожолтена хартија
„извини само ова останало, другото глувци го изеле“
-ми се правда како она да е крива
„него морам да бегам, се враќаат тетките“- успаничено кажа и избега

ednosalterska lebarka_majkatiitatkoti

Стојам така збунет пред шалтер со дроњците што некогаш биле предмет
а шалтерската тетката мрзоволно ме прашува
„дечко ти треба нешто?“
„не, не више“
„е па ај не стој го кочиш редот“
„ти да останеш укочена“- ми се испушти
„рече нешто?“- злобно ми списка
„а не, онака ми се испушти“
„ти се се испушти а?..сега да видиш кога обезбедувањево
ќе те “пропушти“ низ раце“
Така и беше, ме згрбачија, а и не завршив работа
Тоа ти е едношалтерски систем,
на исто место ти го снемува предметот
и гратис те тепаат

Посетено 612 пати