Е – тв каналче

e pop culture_majkatiitatkoti
Е – тв каналчето служи за забава. Не верувам дека има човек од МК што барем еднаш не ги гледал Кардашијанови или WAGS. Служат за перење мозок и после си супер  Имаат јака порака  како да станеш богат во три чекори без школо и како да се пластифицираш скроз да не можеш ни една мимика да направиш  Вештачките трепки се огромни. За да трепнеш ти треба виљушкар да ги врати трепките во првобитна положба. Mariah’s World е реално шоу на Мараја Кери. Жената нѐ учи како да бидеш неприроден и за да функционираш мораш нон – стоп да пиеш. Чашата со шампањ со двокомпонентен лепак и’ е залепена за раката.

Гледајте “Е” понекогаш – учете како не треба!
Посетено 320 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!