Џабе ја симнав sвездата

pistol so eden metak_panker[fblike]
„Сакаш да ти симнувам ѕвезди?“
„Зошто?“
„Па затоа што те сакам смотанице ниедна“
„А што ќе ми се?“
„Врска немам..дај и’ ги на баба ти да направи слатко
или чувај ги за успомена“
„Хм, ај симнувај ги и онака немам попаметна работа“
„Добро..опппп, еве ти една“
„Што бе една?..една по една ќе ги симнуваш?“
„Па да, не можам сите да ги фатам наеднаш“
„Офф дибек еден, имаш канта кола,
не можеш ни ѕвезди да ми симнуваш
како секое нормално машко
и очекуваш да се фатиме?“
„Е како „нормално“ машко симнува ѕвезди?“
„Па бившиот мој пукаше во нив и за пола саат
ми симна 500.. ти немаш пиштол?“
„Ма имам ..ама имам само еден куршум“
„Па купи повише, не биди клошар,
што ќе правиш со еден куршум?“
„Па не знам?.. би можел тебе да те убијам“
„Мене ..зошто мене?“
„Па или тебе или сам да се убијам, на еден од нас
не му е место на светов“
„Тогаш ти уби се“
„Што знам страв ми е да не ме боли,
да фрламе петка-глава“
„Може, јас секогаш победувам во такви игри“
„ќе видиме, имаш железни пари?“
„Не“
„Ни јас немам, ама ќе си замислам како фрлам“
„Ај добро“
„Ако падне глава тебе ќе те убијам, петка-јас сум наебал“
„Може“
„Готово.. ја фрлив, глава падна“
„Ме зезаш?“
„Не“… И така, ја убив брзо и педантно
Џабе изигравам романтичен, не можам
ни една женска да си фатам, да пробам
фудбал да играм?
Жал ми е само за куршумот, требаше со ѕвездата
да ја акнам по глава, џабе ја симнав

595x90

Посетено 1.826 пати (1 денес)