Дознајте ги 10-те фасцинантни причини зошто читањето секогаш ќе биде во тренд

Секојдневието кое сите го живееме не ни остава многу слободно време за читање книги. Токму поради тоа научните истражувања покажуваат дека токму немањето на време, стресот и уморот, новите генерации сè помалку се дружат со книгата. Сепак, експертите тврдат дека книгата никогаш нема да изумре и нема да стане демоде.

knigi citanje-pocetna_majkatiitatkoti

Доколку воопшто не читате или пак одвај читате една книга годишно, можеби ова е вистинското време да ја промените навиката бидејќи следат 10 одлични причини поради кои вреди да го направите тоа.

1. Читањето е активен ментален процес –за разлика од телевизијата, книгите ја стимулираат работата на мозокот. Колку повеќе читате, толку сте попаметни.

2. Книгите го збогатуваат речникот – читањето на различни книги ви помага да научите нови изрази, да започнете да користите поинакви зборови и да го збогатите вокабуларот.

saem-na-knigata-2-2016

3. Учите нови нешта – преку книгите учите за нови места, култури и обичаи, а со тоа ги проширувате и своите хоризонти.

4. Ја подобрувате концентрацијата – за разлика од магазините, интернет постовите или меиловите, книгите ја раскажуваат целата приказна. Бидејќи мора да се концентрирате на читањето, паралелно ја подобрувате концентрацијата.

5. Имате поголема самодоверба – со читањето на повеќе книги станувате поинформирани и поголеми експерти за некоја тема. Тоа пак ја зголемува вашата самодоверба.

 

saem-na-knigata-3-2016

6. Ви дава тема за разговор – различни книги нудат различни теми за разговор. Кога немате идеја за што да зборувате секогаш може да се најдете во разговор за некоја книга.

7. Станувате покреативни – читајќи книги добивате поголемо знаење, а со тоа и повеќе идеи. Па така благодарение на здобиеното знаење може да изнаоѓате попрактични и нови решенија за нештата кои ве мачат.

8. Книгите не се скапа забава – предноста кај книгите е во тоа што се купуваат еднаш, може да се читаат повеќе пати и не се премногу скапи.

saem-na-knigata-4-2016

9. Го намалуваат стресот – најдобриот начин да се релаксирате по напорниот ден е да прочитате добра книга која ќе ве вовлече во светот на фантазијата и ќе ве оттргне од секојдневните грижи.

10. Книгата е подобра од филмот– додека филмот е готов производ, книгата остава на вашата фантазија да си ги замислите ликовите, околностите и дејството создавајќи едно сосема поинакво интимно чувство.

Посетено 1.616 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!