Дома сакав. Дома сакам.

Зошто почнувајќи од вчера, кога на обуката на која присуствував го одгледавме документарецот Законот на Рајт, кај што професор кој има дете со посебни потреби се бори да имаат нормален живот, се посветува и на синот и на себе и на кариера и на сите кои доаѓаат во контакт со него, ми се отвори дизната за плачење и сакав пеш да тргнам на 200км од дома, да го гушнам синот мој и да немам свест за ништо друго освен за прегратката негова. Дома сакав. Дома сакам.
doroti-profilna[fblike]
Е синоќа, кога единствено поради фактот дека сум сингл мама и стереотипизиранта претпоставка врз овој основ, дека како таква сум жена со сумњив морал, во соба ми бана алкохолизиран маж и се обиде да ми се туфне в кревет. Излезе без многу драма, но успеа да ми посочи дека вратата ми била отклучена. Си го барам сакаше да каже. Доспав, станав и се обидов да сум регулар се до тргање кон дома, кое еве сега скоро ќе биде, и таа помисла ми правеше блага радост, дома, доома кај син ми. Дома сакав. Дома сакам.
Кон 15ч на автобуската билетара во Крушево ни продаваат карти од еден, а тој ден да вози само друг превозник до дома, до Скопје, па не сакаат да ни ги заменат картите, и ете нашите места ги продаваат на други патници. Дур помислуваме дека нема да стигнеме во Скопје, јас во моментот вадам телефон да сликнам зошто девојката која издава билети и ја направи забуната не игнорира и ни продава втори карти, сега од другиов превозник, срипува, се обидува да ми го земе телефонот на сила а откако си го извлекувам, замавнува по мене.
Пред врата полицаец, искачам, раскажувам а тој како во слоу моушн ми вели еми шо да праи, таа е ќерка на директорот на автобуската, ако сака ќе ни продава по две карти, нема шо тука оти и син му негов со нив се вози, како наумила така ќе си напрај, ништо тој не може. Шоферот од превозникот ургира, се јавува, и сконтува дека е џаба се. Кај шо има сила нема правда, заклучува, но вади две коклици пластични и најситните момци од 1.80м. ги сместува па има за сите место во тесното комбе и патуваме со по 2 карти. Не дека не ми се плаче, ама еве, патуваме кон дома. Дома сакав. Дома сакам.

AlfaLogoBanner1180x90_noeffects

Скопје, влажно и сиво, со редици автобуси од патарина до крајот на светот. Преминувам улица од меѓуградска за кон козле. Блокиран сообраќај. Меѓуградски автобуси кон митинг возат натискани луѓе, уплашени ликови кои зјапаат низ магливите стакла и кутии со непозната содржина на седиштата до шоферот. Доаѓа после пол саат, во несогласност со сите известувања 5ка, преполна со луѓе сардини и ме спречува да ја реализирам помислата за одење пешки кон дома.
Влегуваме речиси присилно во неа 3,4 души со куфери, торбици и ќеси храна, остануваат 20 души да чекаат следен бус. Стари луѓе, мајка со деца, девојчиња и момчиња нашминкани и дотерани, уморни и тажни, се гмечат, се буткаат, некои лебдат над ситуацијата, не се овде, некои се нервираат, трети се лактаат. Наместо кон центар бусот врти кон Бит пазар, една жена на 50тина години викнува да застане мајсторов оти сакала да слезе. Погласно вика пак, и пак “не одам за Бит пазааар, отвори мајсторе, отвори. Не одам за Бит пазааар, застаниии” ја фаќа паника, се обидува да тргне кон мајсторов ама не бива, гужва “застани мајстореее, застани сакам да слезам… море држава ли е ова, не ме вози кај шо нејќам. Застани мајсторееее, се плашам на Бирт пазар сега” крикнува од немајкаде. Деца на 12, 13 години прснуваат во хистерична смеа, мајсторов застанува и отвара врати, друга жена ги прашува децата како сега баш, денес, кога се е блокирано нашле да го наполнат бусот а тие низ смеење и велат дека роден ден е на другар, одат да слават, и излегуваат.
Стојам јас со ранец, торба со алишта, торбица со камера, торба со едукативни материјали од обуката за визуелна обучувачка која тукушто ја стекнав, и пуслици за син ми во раце, ми иде да седнам кај што сум, на сред автобус и да рикам ко магарица. Дома сакав. Дома сакам.
Седнувам на столче, патувам до козле, матно ми е од солзи а сепак здогледувам дека пред врата ме чекаат сметки за плаќање, договори за потпишување, во двор ме дочекаа алишта за собирање, а внатре не ме дочека буден син ми. Заспал чекајќи ме. Го сместувам во кревет, ставам чорба да се вари, собирам алиштата, пуштам нова машина и му ги ставам пуслиците на видно место, да им се израдува ко ќе стане, ако се испосрониле низ патешествијата кон дома. Се наведнувам над него да го гушнам. Му шепнувам дека дома сум, тој дом ми е. Ми светнува дека можеме било каде.
Дороти Пачкова

NikoBanerTel_Web

Посетено 2.922 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!