Девиците сакаат Ламборџини, Вагите Ферари…

devicite-sakaat-lamborgini-vagite-ferari-1Сите ја носиме соодветната боја која одговара на нашиот хороскопски знак, исто одбираме партнер чиј хороскопски знак е компатибилен со нашиот, се храниме според хороскопот и слично.

На ред е да дознаеме кој автомобил одговара на секој хороскопски знак поединечно.

Овен

Обожаваат црвени и бели автомобили, кои нема многу да го ослабнат нивниот буџет. Најсоодветен автомобил за нив е Hyundai Sonata.

Бик

Нив им одговара зелена или сина боја кога се работи за автомобил, а можно е да се одлучат да купат и сребрен/ сив, доколку истиот им остави впечаток. Тие се внимателни возачи и совршениот избор за нив би бил Mercedes.

Близнаци

За нив е добра секоја нијанса на жолто. Не се најдобри возачи, но затоа знаат да изберат добар автомобил како што е BMW.

Рак

Сребрен или бел автомобил за нив. Тие се претпазливи возачи кои сакаат да ја играат улогата на шофер меѓу пријателите. За нив и нивното големо друштво најсоодветна кола е Ford Expedition.

Лав

Златен или црвен автомобил одлично би го изразил нивниот карактер. Лавовите се горделиви и нивниот избор при купување автомобил, се претпоставува дека би бил Porsche.

Девица

Беспрекорната, прецизна девица би избрала автомобил беспрекорен како неа. Најверојатно би бил црн, темно син или темно зелен.  Отстапка во бојата би направиле доколку се работи за нивниот автомобил во жолта боја, а тоа е Lamborghini.

Вага

Вагата е најшармантниот знак во хороскопот. Таа обожава брзо возење. Одличен избор кога се работи за автомобил кај вагите би било црвеното Ferrari кое ја опишува нивната елеганција, скап и уникатен стил.

Скорпија

Црните автомобили ја изразуваат нејзината моќ. Скорпијата е една од најупорните и најиздржливите хороскопски знаци. Црн мерцедес е одличен избор за нив.

Стрелец

Не се баш најпретпазливите возачи, слични на вагата, сакаат брзо возење. Им одговара Mercedes SUV во црна боја.

Јарец

Нив не им е битна бојата на автомобилот, се додека тој е брз. Сакаат да потрошат пари за висок квалитет, па затоа најчесто купуваат скапи автомобили. За нив Honda Civic.

Водолија

Секоја нијанса на сиво и црвено, го привлекува нивното прецизно око. Добар избор за нив е BMW SUV или Sea Ibiza.

Риби

Зелена или сребрена нијанса, а може и небесно сина, бидејќи нивниот елемент е вода.

Соодветна кола за нив е Toyota Pirus.

Кој тип на автомобил одговара на вашиот хороскопски знак?

 

 

Посетено 8.704 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!