Дете, донеси еден бокал лубрикант и дај на кафаната шо пие…

Дремеме у кафанче,  влегува една легендарна маалска боемчина, седнува сигурен у себе и со никотински баритон му вика на ќелнерот:

-Дете, донеси едно бокалче лубрикант и дај на кафаната шо пие!!!

Ќелнерот, нов, збунето прашува:

-Не служиме лубриканти тука господине…

”Господинот”:
-Дечко, ваљда си нов тука, тоа ни е маалски жаргон за бокалче ракија, да подмачка за наредните два-тринаесе пивца, мисли малце….

Посетено 743 пати