Дали мобилните телефони го сменија начинот на кој одиме?

Симптоми на модерното време

devojka-so-mobilen-pocetna_majkatiitatkoti

Најновите научни истражувања покажуваат дека со секојдневната употреба на мобилните уреди значително
се промени 
начинот на кој одиме
Научниците од американскиот универзитет Delaware приметија дека нешто се промени во начинот на кој се поголем број на луѓе се движат. За да ја тестираат оваа теза, одлучија да соберат 22 волонтери кои ги замолија да напишат порака на мобилен телефон додека одат по забрзана трака за  трчање. Спротивно на она што би можеле да помислите во прво време, не дојде до паѓање дури ни до повреди. Сите учесници на ова тестирање, едноставно инстиктивно го прилагодиле нивното темпо на одење и тоа на начин кој им гарантира продолжување на непреченото  пишување или сурфање на социјалните мрежи. Ова одење е познато на повеќето; ако најдеме некоја интересна содржина на интернет или во моментот пишуваме ќе го забавиме темпото на одење и ќе изгледаме малку чудно, забавено и несмасно. Шокантно или не, се чини дека еволутивната адаптација се движи во сосема неочекуван правец.

Jesu li mobiteli promijenili način na koji hodamo?

Во прилог на новиот начин на одење, отприлика се веќе познати некои од симптомите кои се јавуваат како директен резултат на соживотот со гаџетите  од кои се помалку се одвојуваме. Терминот “text claw” значи болка во палците што ја чувствуваме откако ќе напишеме стотици пораки во некоја интензивна преписка или во пребарување на интернет, “text posture” се однесува на неприродната положба на вратот, што се користи за да се погледне во екранот на уредот додека “screen-sightedness” опишува широк спектар на проблеми поврзани со видот кои можат да произлезат од прекумерно гледање во екраните на уредите како што се мобилните телефони или таблетите. Феноменот наречен “phantom vibration syndrome” е позната на сите, а се однесува на ситуација во која сме сигурни дека нашиот мобилен телефон ѕвони или вибрира, а кога ќе погледнеме во известувањето, приметуваме дека само ни се причинува.
Помалку е познато, но веројатно можеби е најважно да се спомене,  дека истражувањата покажаа присуство на бактеријата E.coli  (помеѓу останатите бактерии) на нашите мобилни телефони и поради тоа е од суштинско значење редовното миење на рацете, но и  внимателно бришење на уредот. Овие термини јасно укажуваат на голема количина на промени кои ги обезбедија разните уреди во нашиот секојдневен живот, а ситуацијата колку стана сериозна можеби најдобро се илустрира со предлогот на Pamele Lampitt, политичарката од Њу Џерси, која предложи да се казнуваат пешаците кои погледнеле во  мобилните телефони додека ја преминувале улицата и поради тоа не ја следеле ситуацијата околу нив.

 

Посетено 305 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!