Поради тебе

Би можел да кажам “извини”илјада пати.
Би можел да ти ветам
дека никогаш нема да влезам во кафана.
Би можел да пешачам
до врвот на Водно.
Би можел да скокнам
по светиот крст.
(и да го фатам)
Би можел да престанам да пушам.
Би можел и да умрам ако сакаш.
Ама нејќам…
Поради ТЕБЕ

ДСД

Посетено 671 пати