Да, и жените имаат сексуални фантазии!

zenite fantaziraat_majkatiitatkoti
Во 1973 година се верувало дека само мажите имаат сексуални фантазии.

Но, многу работи се променети од тогаш па до денес. И покрај тоа што сеуште живееме во време кога женската сексуалност е табу тема, дури и повеќе од она што треба да биде, сепак истражувањата покажуваат дека жените сакаат да уживаат во сексот исто како и мажите.

Зарем не е време подобро да размислиме за нашите сексуални фантазии.

Ако некогаш во главата ви поминале валкани мисли од кои ви се вцрвуваат образите и се превртувате, знаете дека тоа воопшто и не е толку лудо. Таквите мисли секогаш се откачени, понекогаш дури и не можат да се контролираат, но се многу почести од тоа што мислите.

И покрај тоа што овие фантазии живеат само во вашиот ум, понекогаш знаат да отидат и малку подалеку- но тоа е причината поради која се нарекуваат фантазии.

1. Доминантност

Во време во кое мажите владеат, жените фантазираат да бидат доминантни во спалната соба. Жените сакаат мажите да ги посакуваат нивните тела, да ги молат за уште. Експертите од оваа област велат дека станува збор за комбинација од желбата да се има моќ и да се биде посакуван.

Во својата книга “Garden of Desires” британската авторка и новинарка Emily Dubberley, заклучува дека доминантните сексуални фантазии можат да придонесат да го изневерите вашето момче. Ваквите фантазии главно се фокусираат на жената како ужива, а мажот ја задоволува без било каков приговор.

Женските сексуални фантазии паѓаат во вода пред желбата на мажите за секс, па затоа е сосема нормално кога жените фантазираат дека се доминантни во спалната соба.

2. Покорност

Жените сакаат покорност, а тоа вклучува од едноставно препуштање на страстите па се до сексуален напад, силување.

Покорноста значи сила, на тој начин жената ќе може да се впушти во сексуални авантури, без да се чувствува виновно или чудно.

Ова не значи дека жените сакаат да бидат силувани или сексуално нападнати или пак да се откажат од контролата врз своите животи. Самото тоа што жената се става себе си во сексуално потчинета улога е само груба варијанта од она што таа го посакува во вистинскиот живот.

Во своите сексуални фантазии, жената посакува да биде потчинета. Поточно, тоа е нејзин избор.

3. Возбудата кога гледате или можноста да бидете видени

Ах, воајеризам и егзибиционизам. Жените фантазираат за секс пред публика, без разлика дали тоа ќе биде во преполн ноќен клуб, пред отворен прозорец така што соседите би можеле да уживаат во глетката. Овде може да се вброи дури и снимањето и создавањето на аматерски порно снимки кои подоцна би можеле да ги гледате.

Целата таа возбуда потекнува од адреналинот кој доаѓа од стравот дека можете да бидете фатени на дело. Исто така, ова може да предизвика и голем поттик на вашето его. Постои некаква мистична моќ во тоа да заведувате некој на далечина.

Ставањето во улога на порно ѕвезда и самата помисла дека некој подоцна ќе го гледа тоа е доволно моќно за дури и најсрамежливите девојки да откачат.

4. Играње на улоги

Ова вклучува едноставни и сложени промени на улогите. Едноставното менување на улогите значи само промена на личностите без дополнително пресоблекување.

Сложените игри вклучуваат облекување како наставник/ ученик, медицинска сестра/ пациент, па дури и стриптизета/ бизнисмен и подразбира глумење и безобразност.

Ова е уште еден начин да искажете доминантност и покорност. Замислувањето на врска во која едниот има поголема моќ од другиот партнер внесува екстремност и еротичност во врската.

Исто така особено важно е исчекувањето. Вие и вашиот партнер создавате атмосфера која е само почеток на задоволството, сите тие подготовки само ја зголемуваат возбудата за главниот чин.

5. Необична средба -еден на еден

Што мислите за секс со жена или со некоја позната личност? А со поранешното момче или со некој непознат? Дури и девојките кои се во врска често размислуваат по овие прашања. Но, тоа не значи дека не го сакаат момчето со кое се во врска. Всушност, голем број на среќно омажени жени фантгазираат за секс со други личности.

Но, се додека е само фантазија, сето тоа е сосема во ред и не води кон неверство.

-Секс со познати личност

Ryan Reynolds е згоден. Секое понатамошно објаснување е сосема непотребно.

-Секс со девојка

Многу жени фантазираат за секс со друга жена, но тоа не мора да значи дека се лезбејки. Всушност, тоа значи дека една жена знае дека женското тело и потреби најдобро ги познава само жена и таа знае што е потребно за да доживеете оргазам.

-Секс со поранешното момче

Нормално е да фантазирате за секс со поранешното момче со кое можеби сте имале неверојатен секс, тој е личност во вашиот живот кој ве сакал а потоа ве оставил. Свесни сте дека вашето поранешно момче знае точно како да ве задоволи.

-Секс со непозната личност

Жените се палат на идејата за секс со непознат. Возбудата потекнува од спонтаноста и фактот дека никогаш повеќе нема да го видите. Тој не ве познава, ниту пак вие го познавате него. Нема никакви предрасуди помеѓу вас.

6. Групен секс

Групниот секс звучи доста привлечно бидејќи во него, буквално, има многу стимулирање. Повеќе раце ќе го допираат вашето тело истовремено, ќе ги поттикнуваат сите ваши еротски зони.

Околу 15 проценти од жените фантазираат за групен секс. Тоа предизвикува поделба помеѓу чувставата и задоволството.

Широко е прифатена идејата дека е потребно жената да гаи чувства кон некој за да има секс со таа личност. Како и да е, голема е веројатноста дека една жена не може да биде вљубена во сите. Фантазијата за групен сексоваа ги руши закоравените стереотипи.

Посетено 8.160 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!