Да ги сакаме комплицираните жени е тешко, но сепак вреди

Нема ништо пофасцинантно од светот на комплицирана жена. Голем број на мажи сметаат дека жените се потполно мистериозни, но јас никогаш не сум го имал тој проблем.

Жените се човечки суштества исто како и ние. Тие размислуваат рационално и се раководат по логиката. Живеат во поинаков свет од нас, но сепак сите заедно ја делиме истата реалност.

Не верувам дека некогаш ќе постои нешто пофасцинантно и понесекојдневно за мажите од реалноста на комплицирана жена. Но, можеби тоа е само според мене. Јас сакам загатки и добар сум во рашавање на истите, колку се посложени- толку подобро.

Како и да е, токму комплицираната жена е онаа со која вреди да го поминете животот. Можеби на моменти е тешко да ја сакате, но со сигурност ќе ви се исплати целиот труд.

Таа ќе ви го направи животот поинтересен.

Верувале или не, комплицираните луѓе не се раѓаат комплицирани. Не е тешко да ги сфатите и понекогаш и да се справите со гените кои ви ги пренеле родителите. Луѓето стануваат комплицирани кога животот ќе ги искомплицира нештата.

Ако таа е комплицирана, тогаш тоа е поради нејзиниот некогашен комплициран живот. Комплицираните животи не се толку непријатни како што повеќето луѓе веруваат.

Комплицирано вообичаено е нешто што ќе ве заинтригира, нешто невообичаено и возбудливо. Претерано комплицираното е едно… а само комплицираното е друго нешто.

Вообичаено, комплицираната жена е интересна жена. Зошто? Бидејќи комплицираното е секогаш интересно.

Кога последен пат сте слушнале некој да рече- Обожавам колку ми е едноставен животот?

Сложеноста е добра за луѓето, а особено кога станува збор за жените. Ако таа е комплицирана, голема е веројатноста дека малку ќе го искомплицира и вашиот живот. Или како што реков, ќе ви го направи животот поинтересен.

Таа имала неверојатен живот и има многу приказни за раскажување.

Комплицираните луѓе водат комплициран живот, а комплицираните животи создаваат добри приказни.сигурно е дека таа имала многу авантури и неверојатни искуства. Дури и ако тоа биле само емотивни авантури, сепак има што да се раскажува.

Што е тоа што ги излудува луѓето во одреден период од врската? Кога ќе почувствуваат дека партнерот нема повеќе приказни за раскажување. Ќе слушате само повторувања и повторувања што во почетокот е во ред. Но после години и години вашиот партрнер почнува да звучи како ‘расипана плоча’.

Тешко е да се сфатат комплицираните луѓе. Не само поради тоа што се комплицирани, но затоа што се обидуваат да се однесуваат по свое, поразлично од просечните луѓе. Колку повеќе демони имаат луѓето, толку повеќе тие си ги чуваат приказните во тајност.

Излезете со некоја комплицирана жена и ќе слушнете некоја несекојдневна, интересна приказна.

Тешко дека ќе ја ставите во ред

Лесното е досадно- барем за некои од нас. Луѓето по природа сакаат предизвици, а мажите не се исклучок, особено кога се работи за жени. Ние сме борци, натпреварувачи и освојувачи. И што е уште поважно, сакаме да победуваме, а мразиме да губиме.

Ако сме вљубени во една жена, ќе ја убедуваме се додека таа не се вљуби во нас. Некои од нас (помал број) ќе бараат изговори зошто таа не е вредна за нашето време и ќе се откажат. Како и да е, ние не губиме според нашите умови. Ако е лесно да се справиме со жената, тогаш не сме заинтересирани.

Ја нема целата таа мистерија и нема дел од неа кој ние би сакале да го дознаеме и запознаеме. Комплицираната жена секогаш со себе носи доза на мистерија. Не морате да бидете целосно комплицирани, но немојте да бидете ниту толку едноставни што ќе му станете здодевни на вашиот љубовник. Истото важи и кога би си ги смениле улогите.

Таа може да биде малку емоционално променлива, но тоа пак може да потпомогне за да ја одржувате врската возбудлива.

Се чини дека сите мислат оти врската која постојано е во мир е добра врска. Да бидеме искрени, не можам со сигурност да кажам дали ќе биде или нема да биде добра врска бидејќи не познавам врска која понекогаш нема турбуленции.

Патот на врските е долг и трнлив. Сите ние, во текот на нашите животи имаме проблеми со кои треба да се справиме, проблеми кои често влијаат и на нашите партнери.

Ако не се тоа самите проблеми, тогаш е начинот на кој тие влијаат на нашата емоционална состојба и резултатите кои од нив произлегуваат.

Постојаната емоционална нестабилност не е добра, но од време на време може да ви биде потсетник кој ќе ве освежи и потсети дека сте живи, дека животот прави да се чувствувате живи- дури и ако вашите чувства се променливи како резултат на променливите чувства на жените.

Емоционалните состојби речиси никогаш не предизвикуваат физичка штета, ние едноставно избираме да прифатиме дека оние кои прават да се чувствуваме лошо се лоши. Но не мора секогаш да е така.

Таа е паметна.

Треба да сте паметни за да можете да бидете комплицирани. Инаку, само се прикажувате како комплицирани, а реално сте едноставни и тогаш настанува збрка.

Не треба да се сфати дека е погрешно да се биде едноставна личност. Можеби потешко ќе најдете животен сопатник, но сигурно постојат и луѓе кои сакаат едноставност. Со сигурност тврдам.

Постојат многу високо интелигентни едноставни личности во светот, но не се сите такви. Од друга страна пак, луѓето кои навистина се комплицирани исто така треба да бидат интелигентни. Зошто ако не се, веројатно нема да можат да управуваат со сложеноста на нивните умови.

Таа ќе ве натера да се борите за нејзината љубов- а тоа е единственото нешто кое ја одржува врската.

Повеќето луѓе сакаат да ја ‘претрчаат’ врската, како да има медал кој ги чека на целната линија.

Морате да се обидете да сфатите дека врската е наградата. Тоа е убавината на љубовните врски- не морате да чекате да го изедете колачот. Како и да е, сепак е потребно постојано одржување. Проблемот се појавува кога еден од двајцата не чувствува потреба да направи било што.

Да бидеме искрени, ова почесто се мажите. Ние како мажи се чувствуваме како освојувачи и кога еднаш ќе ја добиеме љубовта од нашата жена, не чувствуваме потреба да продолжиме да се бориме.

Тоа е разликата помеѓу маж и љубовник. Мажот знае дека треба постојано да се бори за да ја одржи љубовта. Паметната жена, пак, знае што треба да направи за нејзиниот маж да се чувствува така.

Се разбира, ова важи само за повремено. Не сакаме да се чувствуваме како да ќе ги изгубиме љубените во секој миг, но на сите понекогаш ни е потребен потсетник дека и тоа може да се случи.

Посетено 6.840 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!