Чудна оваа наша земја..за неа важат чудни закони

Фејсбук статус: Соња Ајановска Деловска

Чудна оваа наша земја..за неа важат чудни закони..се раѓаат бебиња со дипломи, умираат старци во пелени..младите пред време стареат, старите доцна се подмладуваат..мртвите работи се мерат со злато, животот го коцкаат за џабе..по улици шетаат стоки, по тротоари возат духови..денот го живеат ко година, годините умираат пред прагот..љубовта ја даваат по смртта, презирот на тацна со локум..зборот тежи многу, реченицата вреди ништо..студентите се професори, академците се на испит..крвта не е вода, водата не е за пиење..парите се “отепувачка”, се тепаат за ич пари..девојките се убави, момчињата немаат секс..три пати мериме, за дваесет пати на комшијата да му го исечеме..во готово плаќаме, на рабуш живееме..химна имаме, држава изгубивме..со прст посочуваме, со нога шутираме…лута рана имаме, блага ракија пиеме…земјата се врти во круг, ние заглавивме во триаголник..уметници умираат, глупаци воскреснуваат..све си имаме, ништо не добиваме..за утре живееме, вчера умревме..
така е во оваа наша земја..наша беше, сега е некако туѓа..

Посетено 149 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!