Циганчица

cigancica-pocetna
На семафор позната слика: премлада и преубава Циганчица, едно детенце во раце, друго во стомакот. Таа пружа раченце, јас давам парички и нормално отворам дискусија:
- Пак трудна, а?
- Да
- Зошто бре дете?
- Затошто сум глупава
- Ќе одиш на лекар за жени и ќе ти стави спирала?
-Шо?
- Спирала
- Не можам да го запмтам зборот
- Женскиот лекар го знае не бери гајле, ти само оди
-Сега?
- Не, откако ќе го родиш бебето.
Крај на дискусијата.
Кој е крив што младата Циганчица нема сведност за ништо? Мајка и’ и татко и’ бидејќи не и’ посветиле трунка внимание. Кој е крив што нејзините родители немаат свесност. Нивните родители. Па нивните родители, па нивните родители. Резултат: многу деца, деца, семафори, деца, семафори.
Сега за сега не гледам спас.
Дана Прелиќ

Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот авторmegasport-baner-text

(Посетено 3.800 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Поврзани Статии

Оставете одговор

*