Чичко пушти леткиии…..

strk i bebe_majkatiitatkoti
„Чичко пушти летки, чичко пушти леткии“
– се дере една група дечиња
„деца не е авион тоа, штрк е“- им викам
„е како не, авион е“ – се побунија
Во тој момент штркот им се посра
по главите.
„ете ви реков дека е штрк“
-им се смеам додека со гадливи изрази
на лицата ги бришат гомцата
„зошто е штркот толку голем и личи на авион?“
-ме прашува едно детенце
„не знаете?..па штркот ги носи бебињата на овој свет,
ги носат во мали торбички и ги оставаат
пред домовите на родителите“
„не е точно, мене ме добиле на Лото“
-ми контрира едно дете, а и другите
одма се јавија:
-мене ме нашле во шума
-мене ме добиле како поклон
-мене ме купиле на Амазон
-мене ме направиле
„е како те направиле?“ – го прашувам
„од пластелин“ – одговори
„а мене од чоколадо“ – вика друго
„не деца, вас ве направиле од љубов“
„од љубов?..значи се сакале?“
-збунето прашуваат
„па да..а сега не се сакаат?“
„НЕЕЕ, само се караат“ – одговорија сите
освен едно девојче
„моите се сакаат, стално се гушкаат
и се заклучуваат во соба“ – рече тоа
„браво, ти си среќно дете,
а вие другите кажете им дома на родителите
дека сакате да ги гледате како се сакаат
а не да се караат, запамтивте?“
„ДААА“
„добро, кој е најмал?“-прашувам
„јас“
„еве ти пари иди купи ми цигари“
Додека чекам да ми ги донесе
неколку женски што поминуваа покрај мене
ги прашав да се сакаме и да имаме деца.
Од сите добив комплименти како „перверзњак“
„манијак“, „кретен“ и сл. ама сите ме откачија
Стварно не ми е јасно ?!
Изгледа ќе морам да тркнам до книжарница
да купам пластелин, што знам, можда не лажел копиљот?
Или да трчам по штркот да видам кај ги крие децата,
можда па и во тоа има некоја вистина?
Хммм, тоа со штркот ми е подобра варијанта,
кој ќе се прља со пластелин!
Уствари ме мрзи да трчам, ај ќе се шлаам по кафичи
и онака само за тоа ме бива
Посетено 1.386 пати (1 денес)