Четврточна

На моите другари кои ординираат секој четврток
boemska-ulica_majkatiitatkoti[fblike]
Ден за меана,
од будење се познава.
Сонцето е познат провокатор.
Пролетта прави шпага на тераса.
Работниот ден ќе биде скратен.
Ќе се измкнеш, не ти е првпат –
знаеш дека цело друштво
те чека во Дебар маало.
А кога ќе пристигнеш, ќе се
почувстуваш како да лебдиш,
како да си на друга планета
на која не се дише
без ракија.

savatours-baner

Посетено 357 пати (1 денес)