Булгари Ќе Ги Рестаурира Шпанските Скали Во Рим

[fblike]
Зачувување на историјата

spanski skali renoviranje-pocetna_majkatiitatkoti

Извршниот директор на фирмата”Bvlgari Group” и градоначалникот
на Рим го најавиja почетокот на работата на познатиот
римски споменик – Шпанските скали
Шпанските скали се еден од најпознатите споменици во Рим, но, исто така и важно место во историјата на модната куќата Bvlgari. Во почетокот на 50-тите Шпанските скали биле омилени во многу сцени, во сега веќе култните класици како “Roman Holiday“, “C’eravamo tanto amati” и поновиот на Вуди Ален “To Rome with Love“, но и други. Во близина на скалите на крајот од 19-тиот век, семејството Булгари го основа свој от бренд. По отворањето на бутикот Bvlgari на Via Condotti скалите служеле како еден вид на врската помеѓу бутикот и куќата на семеството Булгари и во текот на годините брендот често во нивните рекламни кампањи го користел овој многу важен историски мотив за нив и му оддава почит и не потсетува на сопствената историја на брендот. Со оглед на тоа дека Шпанските скали последен пат се рестаурирани пред 20-тина години, римските власти одлучија, со финансиска поддршка на куќата Bvlgari во износ од 1,5 милиони евра, да се рестаурира овој значаен споменик. Градежниот проект ќе вклучува вкупно 144 скали, систем за одвод и оригинални улични фенери.
spanski skali renoviranje 1__majkatiitatkoti
Рестаурирањето  на скалите се совпаѓа со 130. роденден на златарата Bvlgari како  донација “специјален подарок од Булгари за тој град”. Шпанските скали – барок стил скали во Рим се изградени во 18. век и се сметаат за еден од најпознатите знаменитости на градот. Две-годишниот проект на Булгари кој треба да започне во 2015 година ги следи стапките на голем број други италијански модни брендови кои ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за знаменитости на земјата, вклучувајќи го и Tod’s кој донираше пари за реставрација на Колосеумот и Fendi кој учествуваше во санацијата на Фонтана Ди Треви.
spanski skali turisti_majkatiitatkoti
Шпанските скали во Рим се незаобиколна атракција за туристите од целиот свет.
Посетено 1.000 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!