Бристолска

hotel bristol_majkatiitatkoti

Oтиде и Бристол
во заборавот на невремето.
Едно од последните засолништа
на заскитаните.
Ништо невидено до сега,
ни прв, ни последен пат.
А спомените се пепел на ветер.
Сакам утре да ми се случи.
Сакам во шест сабајле, во јуни,
во неразбудениот град
кој мириса на липи
да замирисам на лук.
Сакам сонцето под ист
агол да ја милува улицата.
Сакам прастариот орев
да ме прегрне со сенка.
Сакам ракија и чорба…
Паметам, последениот пат
бев со Дарко Гигов Кајли.
Дарко, тој блудник стар…
А келнерите кога нè видоа,
уште пред да нарачаме
ни сипаа по една жолта.

10.11.2012.
Посетено 2.361 пати