Боже, како ли не налетав на некој нормален досега…

Раскопчан костум, црн, припиен за неговото тело, јас носев фармерки, стегнати за облините, сите се вртеа, а имаше и што да видат.

Тој се нервираше, љубомората му се гледаше во очите, но никако да ме фати за рака, да им покаже на сите дека сум негова, попрво би си ја секол раката на начин на кој што ги сечеше погледите кои ме следеа во секој чекор.

Дојди малку, сакам да одмориме на клупа, потоа ќе заминеме во ноќниот клуб, загледан во моето деколте ми ја тргна раката во неговата, се зачудив.

Можеби бев пијана ама тој негов потег веднаш ме отрезна, се упатив кон него шантајќи на тие 16ки, циклама боја, лаковани, поубави немате видено.

Иако бев над него една цела глава сепак не сакав да ги жртвувам да седат дома само поради тоа што сум повисока од него.

Му седнав во скут со раширени нозе, рецете околу неговиот врат закачени во неговата коса.

Започнавме да се бакнуваме, иако клупата беше подалеку од уличната сијалица, сепак бевме забележливи силуети кои се движеа напред, назад, лево, десно со главите.

Те сакам му реков, не добив повратна емоција, само се насмевна и се обиде да ме бакне повторно.

Ја ставив раката врз неговата уста, се приближав кон неговото лице и му се обратив со зборовите, можеш сам да си одиш во ноќен клуб, таму најди некоја што ќе ја слуша твојата тишина, а јас ќе барам некој нормален.

Боже, како ли не налетав на некој нормален досега, довикнав држејќи ја ташната во раце, полека оддалечувајќи се од клупата.

Остана таму сам како ненормален, силуета неподвижна во темницата, таков беше и во животот, да не зборуваме за во љубовта…

Посетено 14.412 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!