Баленсијага, Некогаш И Сега

Редизајнирани култните креации на основачот на модната куќа Баленсијага.

Balenciaga-nekogasisega-pocetnaПо повод годишнината од смртта на големиот
дизајнер и моднен мајстор, Кристобал Баленсијага,
претставени се некои од неговите најубави креации

и нивните современи верзии

Постои само еден крал на модата. Кристијан Диор го нарече “мајстор на сите дизајнери”, а Коко Шанел во една прилика изјави “Баленсијага е couturier во вистинска смисла на зборот … Останатите се само модни дизајнери.”
Додека креативното влијанието на Кристобал Баленсијага во светот на модата е неспорно, повлечената и тивка личност на големит моден мајстор до денес остана енигма. Неговото име не е поврзано со одредени препознатливи парчиња, име кое останало втиснато во историјата на модата како легендарниот костим на Коко Шанел, а него не го паметиме ни по нешто како што е клучниот револуционерен момент на Диоровиот  New Look од 1947 година, како ни по културниот феномен на контроверзната панк дизајнерка Вивиен Вествуд.
Од моментот кога ја отвори вратата на својот бутик во Париз, Баленсијага ги испиша страниците на историјата на модата со едноставност и елеганција речиси кралскa аура и етерична допадливост. Тој е автор на женствената силуета 1950-тите, сета облека и стиловите кои се поврзани со овој период се производ на неговиот творечки гениј. Во 60-те скулпторската чистотата на своите креации го издигна Баленсијага како моден дизајнер во сферата на уметноста, а неговиот крој стана легендарен. Костимот со потпис на Баленсијага беше како слеан со женското тело, а од моментот кога влегоа во неговите креации, клиентките му станаа и останаа верни засекогаш.

cb1

Cristóbal Balenciaga, 1966., Nicolas Ghesquière
за модната куќа Balenciaga, есен/зима 2006.
cb2
Alexander Wang за модната куќа Balenciaga, есен/зима 2015.,
Cristóbal Balenciaga 1961., Nicolas Ghesquière
за модната куќа Balenciaga, есен/зима 2006.
cb3Cristóbal Balenciaga 1963., Nicolas Ghesquièreза модната куќа Balenciaga,
есен/зима 2006.
cb4Cristóbal Balenciaga 1960., Alexander Wangза модната куќа Balenciaga,
есен/зима 2014.
cb5Cristóbal Balenciaga 1967., Nicolas Ghesquière
за модната куќа Balenciaga, пролет/лето 2012.
Посетено 452 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!