Анархистичка честитка за Новата година

Оваа година масовно ве повикувам да се ослободите од формалното живеење и вашето робување на глупави навики и обичаи. Ве повикувам без никакво каење да ги исплукате традиционалните новогодишни собиранки и ручеци во кои сите што седат на маса, не се гледаат, ниту се слушаат цела година, се имаат испокарано за се и сешто и се имаат изоговарано зад грб…. и наеднаш ОП дека е  традиција – седат на маса и смешно глодаат коски и гнетат сарми, додека мрснотијата од грозните обичаи им се слева и внатре и надвор.

anarhisticka cestitka

Кажете НЕ на се заради кое труете во ментален затвор. Кажете НЕ на сите кои ви велат да не се пирсате, да не се тетовирате, да ги казнувате родените деца, да останете во врски или бракови во кои се чувствивате мизерно и грозно… излезете од кафезите во кои ве убедиле дека е подобро внатре одошто сами надвор.

Надвор има воздух. Надвор застанете пред било кое огледало – признајте си ги сите порази, признајте си дека сите за кои велите дека ве нервираат не е точно – туку дека сте нервозни од сопствените неуспеси и фрустрации. На вашето ЕГО речете му да се затне, да не ве замара и да не ве труе.

Бидете она што сте – бидете хомосексулаци јавно – не да зборуваат зад грб – е оној е педерче – НЕ!!! Кажете си – јас сакам мажи или жени – и никому лошо не му правам – тоа е мојот живот!!!

Одете си од бракот во кој сопругот или сопругата ве тепаат, злоставуваат, психички ве малтретираат, ве тераат да им слугувате, ви ја крадат енергијата, ве уништуваат и газат за да сами пред себе си личат на нешто што не се.. зашто тие, паразитите и крадачите на соништата – тие се гадни гадови во гној. Не сте ничии жртви !!!

Вие сте убави внатре во своето постоење.

Немојте да правите ништо што го мразите – а го правите заради мајка ви и татко ви, заради угледот во општеството (кое никогаш не било понесовршено и полошо извитоперено насекаде, во глобални рамки), заради форма, традиција и други трици во кои нема трошка емоција, сочувство, љубов или содржина.

Сврете им грб на лагите во кои сите ви велат дека треба да се капете и сончате – живејте го секој миг искрено – миговите без лажните наметнати убедувања се совршени…

Им врескам УААААА на сите мајки и татковци кои немаат еден час неделно да бидат со своите деца – било во семејството или вон него.. И децата ги гледаат како нивни проекти во кои инвестираат…а не како чисти души човечки кои само сакаат љубов и внимание за да бидат здрави.

Уааа за сите кои седат во распаднати бракови и си ги лажат партнерите на редовна нон сенс база, за краткотрајни задоволства на телото, после кои умот дупло побргу се распаѓа…Уаа формата – да живее содржината.

Уаа за лицемерите …самото општество ве учи да лажете за да бидете љубезни – како ми стои фустанот – одлично…не, не, не, …греозно ти стои – кажи и на другарка ти …. кажи и дека има целулит, дебел задник и спуштени гради, кеси под очите од неспиење и први брчки… кажи му дека има пивски стомак на другар ти и дека има гради… ако не им кажете – нема да посакаат да бидат подобри и поубави…

Поразот е некогаш поздрав од успехот – барем ќе видите како боли, а болката ќе ве натера да мислите за да преживеете и можеби тогаш ќе го извадите најдоброто од себе си. Успехот само го рани егото и мижи на грешките.

Почит –  нема здраво за готово…нема незаслужено… за да имате почит од своите деца, внуци, пријатели, тие што ги сакате  мора да им се посветите, да ги ислушате, да им се дадете искрено и да им бидете верни…

Ве поздравувавувам од се срце  ..кренете ја завесата и живејте надвор од кафезите… поубаво е во вистината и искреноста… макар што не се шарени како лагите…

Посетено 684 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!