Амбасадата на Република Македонија во Канада не може да и помогне на Ивана Чолаковска!!!

Ivana-macedoniaЈас сум Ивана Чолаковска, патувам 3 години низ светот со мотор, и поминавме 41 земји, надминавме многу пречки кои се обидоа да ме присилат да се откажам, но јас продолжив да се борам затоа што мислам дека исполнувањето на мојот сон e aтоа што ме прави да се издигнам како личност и да и помогнам на мојата земја, со што станав амбасадор и се обидувам да ги мотивирам новите генерации да се соочат со предизвиците кои наликуваат тешки и невозможни. Денеска сум во Канада со мојот пасош полн без повеќе празни страници за да го продолжам патувањето во Африка, мојот последен континент, пред да се вратам дома.
rimel-logo MALO
Но, Амбасадата на Република Македонија во Канада не може да помогне, решението кое тие ми го дадоа е да се вратам дома пред да го исполнам моето патување до крај и да ја постигнам долго посакуваната цел. По неколку неодговорени пораки, почнувам да се помирувам дека патувањето низ Африка ќе мора да го одложиме.
Ми преостанува само оваа опција, да се обратам на медиумите и да побарам од луѓето кои ме следат да го споделат ова кратко писмо, надевајќи се дека на овој начин ќе направиме притисок врз оние кои треба да донесат некаква одлука и да ми го обноват пасошот. А можеби со добивање на тоа ќе биде победена оваа битка, не само за мене, туку и за сите нас.

Секоја помош е добредојдена, пишете ни порака на: www.facebook.com/aroundgaia

ivana-pocetna_majkatiitatkoti

Посетено 45.575 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!