Ало Таравари!

alo taravari-naslovna_majkatiitatkoti

Како жена, возрасна и одговорна за своето здравје, одлучив да си направам комплетен гинеколошки преглед. Одам на матичен, и еве како отприлика тоа оди… – Ако немаш, прво треба да избереш матичен гинеколог, а да го најдеш… богами ќе се помачиш, повеќето се со пополнет број на пациенти – Гинеколошки преглед со надворешно и вагинално ехо: 30 август… Инаку матичен гинеколог на државно освен ехо мизерно, на минијатурно екранче на кое ништо не се гледа, ништо друго нема, никаква друга апаратура! Тој сега те праќа таму ваму… на другиве места… – ПАП тест: резултати за еден месец минимум, а може и два, значи таму негде 1 октомври најрано. Е сега може рак имаш и умираш во меѓувреме, ама нема везе, ќе си чекаш! – Колпоскопија: 25 ноември – Ехо и мамографија на дојка: 19 декември – Брисеви комплет: 10 јануари следната година…под услов да имаат реагенси, а немаат секогаш…
Да зајдеш од одење на Клиника по Мој Термин! Пола година, во различни денови, одиш, чекаш ред, па пак одиш по резултати, па со резултатите кај матичен евентуално за рецепти…
Викам, ај приватно ќе прашам во некоја од болнициве, да не се маткам вака, се одеднаш да си направам, со едно одење… дамла ме удри. Околу 10.000 денари цел пакет, не ја ни разбрав таа на информации што влегува во пакетот, оти ми се стемни и веќе не ми беше важно…
Мој Термин би го укинала сместа! За третман и превенција на било која посериозна болест не треба само едно, треба повеќе упати и снимања и рентгени и брисеви. Еднаш ако ми верувате, сама си ја носев крвта во шишенце на Клиника на анализа од една до друга зграда… Кога ќе влезам на Клиника со симптоми на болест, треба да ми се направат сите испитувања ОДЕДНАШ! Без глупави упати од матичен, без барање слободни термини на Мој Термин, без враќање пак кај матичен! Луѓе умираат чекајќи термин на глупавиот и бесмислен Мој Термин!!!
Дали ќе одам сега гинеколошки преглед да си направам, јас вака поодговорна и свесна? Не знам… Превентивно, задолжително, никој до сега од Клиника не ме викнал… Ниту ќе ме викне! Зошто на никого не му е гајле за здравјето на нас, жените! И после зошто жените умираат од рак на дојка, рак на матка поради ненавремено откривање? Ете ви зошто! Јас може некако ќе се наканам и да отидам, ама многу жени знам што не се појавиле на гинеколог заради оваа голгота низ која треба да поминат! Само една од милион причини за смрт во хоророт од здравство во бедотијава од држава!
Ало Arben Taravari! Задолжителен гинеколошки систематски преглед за сите жени барем еднаш во 2 години! И не цела Македонија на Клиника! Опрема во поликлиниките и лаборатории за анализа на ПАП тестови!

595x90

(Посетено 5.633 пати, 1 денес)

Поврзани Статии

Оставете одговор

*