Ајмо женички- недеља најлакши дан!

zena-nedelja_majkatiitatkoti

Еве ја агендата:
-чучнување пред корпата со валкани алишта и селектирање на истите на плочките во купатилото (пуштање на прва, втора машина….по сопствено видување)
-движење кон кујната (патем обид за будење на рожбите со неизбежното прашање -”што имаш за перење”-дерење од страна на рожбите)
- во кујната подготовка на неделниот ручек, ручекот за понеделник, вторник….
-завршува првата машина- пружање по парна, машини за сушење или закачалки за да не се оштети материјалчето
- фаза домашен октопод (трае 3-4 саати)-се’ е при крај машини, ручеци, брзинско чистење умивалници, кади…Потребен е автопилот..
-карање секој со секој
-ручање
-пеглање
-бањање
- поглед во огледало тазе бањат-АУУУУ- неопходна итна пластична..
- даваш се’ од себе- париш лице, ставаш маска, масираш лице…поглед во огледало – АУУУУ- се откажуваш од се’
- лакираш нокти и легнуваш свесна дека утредента ќе имаш грутчуња или линиички на ноктите од неправилно нанесениот и недосушениот лак за нокти
Пријатен ден мили мои! Smile
Дана Прелиќ

Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор

595x90

(Посетено 6.010 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Поврзани Статии

Оставете одговор

*